- Група од 25 мажи во униформи на Нацистичка Германија преминале во Швајцарија преку планинскиот масив Вилдхорн и биле пресретнати и сослушани од кантонската полиција во Берн.
- Во групата имало државјани од повеќе европски земји и од САД. Полицијата ги легитимирала, ги запишала нивните податоци и побарала да ги соблечат униформите со нацистички симболи „за да избегнат потенцијални судири со трети страни“.
- Според Кривичниот закон, полицијата немала друг начин да интервенира. Носењето нацистички симболи не е забрането во Швајцарија, објасни портпаролката Дебора Цауг.
- Повеќето партии, кантони и здруженија во Швајцарија се за забрана за јавно носење нацистички симболи во јавноста. Во процес на консултација е закон за забрана за нацистички поздрави, истакнување свастики, ознаки на СС-дивизијата, но и нумеричките кодови како „18“ и „88“, кои асоцираат на „Адолф Хитлер“ и „Хајл Хитлер“. Во зависност од контекстот, ќе може да биде изречена парична казна од 200 франци.
- Следејќи некои „дебати“ на социјалните медиуми неодамна, се’ повеќе сум уверен дека се враќаме наназад и стануваме поглупави и понефункционални како општество.
- Можеби повеќе не сме Homo sapiens – „мудриот човек“. Ниту пак сме Homo economicus, наводно рационалниот актер во класичната економија. Сè повеќе стануваме Homo idioticus – суштество дефинирано, не од мудрост или логика, туку од емоционални импулси, дезинформации и интелектуална инерција.
- Изгледа на социјалните медиуми им се потребни „идиоти“. Затоа станаа нивен расадник. Не гледам проблем во тоа да им дозволиме на „идиотите“ да кажуваат идиотски работи. Друго и не може да очекувате од „идиотот“. Проблемот е што платформите преживуваат со пронаоѓање на највирулентните идиотизми и нивно глобално ширење. Едноставно кажано, благодарение на социјалните медиуми, „идиотите“ сега имаат платформа да ја објават својата глупост пред целиот свет.
- СДСМ остро го осуди настапот на српскиот претседател Александар Вучиќ (види овде - н.з), оценувајќи дека неговите изјави претставуваат навредливо и недолично однесување кон заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска.
- Партијата вели дека Вучиќ е познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите ставови или му пречат.
- Вучиќ малициозно нагласил дека ‘оваа жена и луѓето кои доведоа до сецесија’“, па СДМС оценува дека нагласувањето на нејзиниот пол во политички контекст е понижувачко и ирелевантно за аргументите што ги изнесува.
- Ваквиот речник не бил само личен напад, туку дел од поширок проблем на деградирање на жените во политиката.