- Сè повеќе француски градови воведуваат полициски час за движење на деца по низата насилни пресметки поврзани со трговија со дрога. Според Министерството за внатрешни работи, повеќе од 110 луѓе биле убиени и 300 биле ранети во 2024 година во пресметка меѓу нарко-банди низ Франција.
- Ним вчера воведе забрана за движење од 21 до 6 часот на лица помлади од 16 години „за да не бидат изложени на насилство“ и ги зајакна полициските патроли. Во неколку улични престрелки во овој град во изминатиот месец беше убиено едно лице, а неколкумина беа ранети. Градоначалникот Жан-Пол Фурние изјави дека ситуацијата е „неодржлива“ и дека наркобандите создале „клима на страв и терор“.
- Безие, кој лани воведе полициски час од 23 до 6 часот за деца под 13 години сега ја прошири забраната до возраст од 15 години. „Десетгодишник што се шета по улици во 2 часот не е ништо друго туку пакосник“, изјави градоначалникот Робер Менар.
- Лимож воведе забрана за ноќно движење на деца помлади од 13 години за време на летниот распуст.
- Франција неодамна усвои закон за зголемување на затворските казни за наркобароните, формирање ново одделение на обвинителството и доделување специјален заштитен статус за информатори.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.