Што се однесува до движењето Само јако и Бели можам да кажам дека нивното делување е стварно револуционерно. Точно е дека е пролет и точно е дека сум љубител на пролета, но не оној љубител кој оди и го мириса цвеќето како полу-заспаниот бик Фердинанд кој е несвесен за својата сила, бик кој неодоливо потсетува на апстинент.
Од локално тролање и интернет спрдачина, Љубиша Прелетачевиќ - Бели одеднаш на дел од анкетите во Србија почна да се појавува како еден од можните кандидати кои би влегле во втор круг на избори. Колку што нам сето ова ни станува посмешно, толку на сите оние карши него ова не им е смешно. Едно објаснување на појавата Бели, од локален српски експерт / аналитичар.
Тоа што Борат и Али Џи му беа на Саша Барон Коен, Љубиша Прелетачевиќ - Бели му е на Лука Максимовиќ. Еве ги двајцата на едно крајно серизоно интервју за Н1, како дел од претседателските избори во Србија.
Не знам дали сте забележале, со децении капата ни ја кројат исти луѓе. Дачиќ, Вучиќ, Драшковиќ, Чанак, Љајиќ, Николиќ, Веља, Маја, Борис... сè е исто а на Србија никогаш не и било полошо.
Кандидатот на СПН, Љубиша Бели Прелетачевиќ, за само 3 часа откако почна да собира потписи за кандидатура за претседател на Србија, успеа да наниже поддршка од вкупно 46.000 граѓани. Како тоа кои се СПН? Сарму Пробо Ниси. Сериозно.