И сè беше супер додека не дојде Бели...

Не знам дали сте забележале, со децении капата ни ја кројат исти луѓе. Дачиќ, Вучиќ, Драшковиќ, Чанак, Љајиќ, Николиќ, Веља, Маја, Борис... сè е исто а на Србија никогаш не и било полошо.

Знаете ли дека левицата соработува со екстремната десница, анархолибералите со народњаците. Левичарите се најголемите тајкуни, лажните десничари се комуњари.

Дали сконтавте колку лажат и дека тоа веќе не го ни кријат? Оние кои беа за национално чиста држава сега се најголеми мултикултуристи. Либералите станаа интервенционисти. Сељаците почнаа да слушаат хеви-метал, а рокерите компонираат за турбо-фолкери.

Знаете дека партиите ги вработуваат само своите? Знаете дека сите работи им се однапред поделени на познати фирми, не кај оваа, туку и кај претходната власт?

Се наслушавте глупости, демагогии на маркетинг-претседателот. Се изнагледавте лажни дипломи, лажни доктори, се изнаслушавте пцовки и навреди. Се испоздравивте со драги луѓе што заминаа далеку и се изназборевте со нив преку Скајп.

И што викате, Бели Прелетачевиќ е неозбилен, „заебанција“ и глупост?

Александар Бојиќ,
Недељник

14 март 2017 - 12:55