Станува збор за една од ретките српски партии чие седиште не е во Белград. СПН е стара само неколку месеци и е основана во Младеновац.
"Денес во Младеновац почнавме со собирање потписи. Одзивот на граѓаните беше сјаен. За три часа собравме 46.000 потписи, а денес ќе одиме до 100.000. Од понеделник тргаме и низ остатокот од Србија. Ќе организираме собирање потписи во Белград, Нови Сад, Крагуевац," изјавил митскиот лидер (н.з. ова титула што сами ја промовираа) Бели.
Успехот на изборите Бели комплетно го темели на довербата на гласачите во него, и се надева дека токму преку донации на граѓаните ќе успее да собере околу 5.000 евра потребни за верификување на потписите.
И покрај тоа што последен влегува во трката за претседател, Бели е уверен дека ќе влезе во вториот круг и порачува "Само јако, без секирации!".
П.С.
Љубиша Прелетачевиќ Бели е измислено име, не е роденото име на кандидатот.
П.П.С.
На локалните избори во Младеновац СПН освои 13 мандати во градското собрани, исто колку што во градот освоија ДС, СПС и ЛДП, заедно.
Ова беше спотот на СПН за локалните избори: