Драга Ана,
Како што е редот, прво да ти ја честитам улогата на мандатар за составување на Влада. Без разлика дали ни се согласуваат политичките мислења, доаѓањето на таква позиција е голем успех, ама и голема одговорност која многу луѓе не би ја прифатиле, а уште помалку чесно би ја работеле.
Понатаму, морам да ти признаам дека тајно навивав за тебе. Со целата должна почит, НЕ затоа што мислам дека ти си најдоброто од 7-те милиони граѓани на Србија, туку затоа што желбите се едно, а стварноста е сосема друго.
А таа стварност вели дека освен тебе можеше да ни се случат партиски војници како што се Вучевиќ и Селаковиќ, а кулоарите зборуваа за Зоран Михајловиќ, Небојша Стефановиќ, па дури и за Лазански кој, верувам, би вовел нова мода и во облекувањето и во однесувањето на премиерот. Секако, тука е "секогаш незгодниот" Ивица Дачиќ кому често пати како најголем плус му се припишува искуството во политиката, а притоа никако не се навлегува во деталите на тоа искуство. Ете од каде е моето навивање - да не биде дека Дачиќ пак добро се вдоми и дека ја носи целата земја како мираз.
И тогаш дојде тој ден.
ОнојЧиеИмеНеСеСпоменува излезе пред камери со една цел - да нè извести кој ќе стане мандатар. Го изговори твоето име и рече дека си го известила дека имаш мнозинство за состав на Влада.
Тогаш некои невоспитани новинари почнаа да вртат од темата, па на претседателот да му поставуваат прашања кои немаат врска со тоа, а он ете се погоди кај себе да има зголемени слики од последната посета на театар, па со новинарката на Пинк веројатно задолжена за култура зборуваше за театарот на апсурдот и промовираше некој млад глумец, кажувајќи дека толку добро глумеше пијаница што стварно помислил дека е пијаница... или така нешто, ама не се задлабочив нешто посебно.
Суштината беше дека ти, драга Ана, си мандатар, а не Селаковиќ или Дачиќ. И бев среќен заради изборот, иако тажен заради вкупниот збир кандидати.
А потоа и ТИ лично ме разочара неколку пати.
ТИ, драга Ана, треба да бидеш претседател на Влада. Шеф на сите министри. ТИ треба да ги бираш и да ја оценуваш нивната работа. Треба, на крајот од краиштата, да сносиш одговорност за нивната работа.
Еве што дознав за, веројатно, ТВОИТЕ ставови само неколку дена по твојата победа.
Прво што чув е дека костур на ТВОЈАТА влада ќе останат истите. ТИ значи мислиш дека актуелните министри се добри во својата работа? Дека Дачиќ (за кого на сајтот на Владата пишува дека зборува англиски јазик - па мајко моја, го има ли некој од вас чуено она негово обраќање на англиски) е одличен за наш претставник во светот; ТИ цениш дека Стефановиќ е доктор на науки кој одлично ја работи својата работа и совршено нивелира кога полицијата треба да реагира, а кога да не излегува на терен, или па излегува, ама не реагира; ТИ сметаш дека Расим Љајиќ има каква било улога освен декларативна и гласачка; ТИ со гордост стоиш зад тоа дека во здравството и образованието одлично се работи; дека Вукосављевиќ воопшто има каква било функција, или дека во културата и информирањето сè е совршено; дека на Кнежевиќ му е простено; дека Кркобабиќ работи што било освен држење говори пред избори...?
Второ, слушам дека ТИ мислиш дека СПС треба да има поголема улога во ТВОЈАТА Влада? Од каде тоа? Пази, не поедини луѓе, туку СПС.
Трето, а во врска со второто, слушам дека ТИ мислиш дека нам ни требаат уште неколку министерства, а потоа дека баш ТИ мислиш дека на чело на тие министерства се потребни Бранко Ружиќ и Жарко Обрадовиќ. Драга, Ана, дали е можно дека прво ги имаш имињата на идните министри, па дури потоа размислуваш за нивниот ресор? И за кои тоа ресори ТИ мислиш дека Ружиќ и Обрадовиќ се совршени?
Потоа слушам дека тие ресори веројатно се екологија и европски интеграции, па ми станува нејасно зошто ТИ мислиш дека споменатите двајца се совршени. Некако би очекувал и да се обратиш и да ги разрешиш дилемите или да понудиш објаснувања, ама тебе те нема.
Слушам муабет за вреднување и оценување врз основа на твојата идна програма, со што во потполност се согласувам, ама каква е таа програма за која ти е потребна баш таа екипа?
Е, а после слушам дека зборат дека си искористила невистини за да напредуваш. Претседателот, на минута пред онаа епска расправа за театарот на апсурдот, изјави дека ТИ си му рекла дека имаш мнозинство за состав на Владата, а излезе дека немаш. Еве ти проблеми веќе неколку дена. Зар не мислиш дека многу неодговорно и неозбилно и кон институцијата премиер и кон граѓаните? Зошто си му рекла на човекот дека имаш мнозинство кога немаш?
Има и такви што се обидуваат да ми го објаснат сето ова и ми кажуваат дека тоа воопшто не е твое дело. Ама, Ана, ТИ си мандатар. Тоа е ТВОЈА влада, ТВОЈА одговорност и ТВОЈ труд. Она што ќе остане зад тебе. И ако е така, зошто тоа го дозволуваш?
Сакам секому да му дадам малку кредит, па така и на тебе, но ако за само неколку дена покажа дека баш ТИ мислиш дека Владата сега одлично работи, но дека старите ведети на СПС би ја подобриле, како и дека е сосема во ред да му се каже невистина на Претседателот и да ја доведеш земјата пред вонредни избори заради лично напредување, тогаш не само што не си најдоброто од 7-те милиони, туку не си ни најдоброто од понуденото.
Ако па не е така, тогаш гледам само две опции: или ќе му бидеш на Вучиќ она што Цветковиќ му беше на Тадиќ - а тоа е поразително и понижувачки - или улогата ти е да не дојде до формирање Влада, па да добиеме уште едни избори, а за тоа налик никој да не биде виновен - што е поразително, понижувачки и безобразно.
Значи, дали мислиш дека сегашните министри се супер, дека невистината околу поддршката е ОК и дека на сите нас сега ни фали уште малку Жарко Обрадовиќ, или мислиш дека Сомборац е во право што те црта со ѓезве?
Не можам одлучам која опција е полоша за мене.
Бранислав Сјеран
Бели - Само Јако!