"Долготрајното робување и лошите власти можат толку да го збунат и унаказат разбирањето на еден народ, што здравиот разум и правилното расудување во него ќе ослабат до таа мерка што потполно ќе се извитоперат. Таков пореметен народ повеќе не може да разликува не само добро од зло, туку и својата сопствена корист од личната штета." Мислата на мудриот нобеловец Иво Андриќ совршено ја оцртува моменталната состојба на нацијата во која јавноста зјапа од едно до друго соопштение на хрватската Влада, Парламент, Агрокор, ХНБ и рускиот дипломат Анвар Азимов, притоа не разбирајќи ја суштината на проблемот, а не па последиците кои произлегуваат од настанатиот заплет.
Кој тука кого ебе, зошто и за колку, е прашањето од милион рубљи. Но, едно е сигурно, веќе не сме владетели на својата судбина и Хрватска одамна не е наша, пред сè благодарејќи на политичката индиферентност кон властодршците за кои наивно верувавме дека знаат што работат.
Еден од замаглените аспекти на тоа хрватско проклетство на вазалство кое трае уште од средновековната молба на неспособните хрватски великани кон Ватикан "најдете ни соодветен господар", и горкото пророштво на Бруно Бушиќ "најлошо ќе биде кога нашите ќе почнат да крадат и нас да нè продаваат на светските ебиветри," е тоа како од бедем на христијанството и столб на ЕУ како лидер на југоисточна Европа, во краток рок се претворивме во "западна Србија" или ССРХрватска, една од зоните на интерес и вазал на Русија.
Уште од Првата светска војна преку познатото Титово НЕ на Сталин до студениот политички однос на современа Хрватска кон Путиновата Русија, се градеше тој анти-руски став според кој православна Русија како политички покровител на Србија е непожелен геостратешки и економски партнер.
Со години немаме официјален дипломат во Русија, воведовме визи за руските граѓани, ги потврдивме европските економски санкции, им помогнавме на Американците во опструирање на Јужниот тек, а премиерот Пленковиќ се осуди да му држи лекции на Путин за руско-украинската криза.
На страна тоа што така го преполовиме извозот во Русија, за 40% го смаливме бројот на преноќувања на руските туристи кои беа одлични потрошувачи и се закачивме со една од двете најголеми глобални сили, туку доживеавме и премиерот Пленковиќ на парламентарните критики за контрадикторниот однос кон Русија, од високо да и порачува на опозицијата дека "немаат поим за политика".
Е сега, дали е он само бахат или пресметано ја заглупува јавноста, е предмет на стручна психолошка расправа, но изминатите години и актуелните случувања не само што озбилно го демантираат туку и го промовираат во најголема политичка незналица меѓу Хрватите, без разлика на тоа што он се појави дури неодамна.
Хрватска денес повеќе од кога е членка на модерниот Сојуз или скратено ССРХ, а еве и зошто.
Долга е историјата на соработка на хрватска економија и Русија што својот врв го доживеа во поранешна Југославија за време на Генекс и тргувањето со клириншкиот долг. Сите познати хрватски бизнисмени како Фрањо Грегуриќ, Никица Валентиќ, Давор Штерн, Роберт Јежиќ и компанија, ги остварија своите први милионски суми во Русија, а преку нафтениот и петрохемиски бизнис (проектот Бели ноќи или експлоатацијата на нафтените извори во Сирија) обемно ги потпомагаа руските економски интереси. ИНА, без разлика на унгарската сопственост, беше и остана руска експозитура
Значи, Русија и Хрватска имаат долга и квалитетна соработка на политичко-економски план и секако дека им засмета препотентниот хрватски став кој кулминираше во политичката кратковидост на Пленковиќ и потпирање на европската политика.
Имено во моментот кога претседателот на Европската комисија Јункер, одлучно го изнесе планот по кој "за време на неговиот мандат ЕУ нема да се проширува" и намерата на Брисел да создаде царинска унија со Србија, која на тој начин со долг ланец ќе биде врзана за Европа, Русите ја активираа целата моќ на капиталот и кадрите што ги имаат вложено во Хрватска за да го надоместат изгубеното политичко влијание на европските процеси. Помпезниот настап на рускиот дипломат Азимов всушност беше демонстрација на моќ на Марков трг и недвосмислена порака за тоа колку вреди руската моќ во Хрватска.
На кратко, Хрватска со години со задоволство и тивко примаше руски инвеститори на полето на енергетиката, посебно во бизнисот со гас, туризам, фармација, бродоградба и прехранбена индустрија кои се мерат во стотици милиони евра, а изложеноста на водечките компании како Подравка и АД пластик на рускиот пазар се од судбинско економско значење. Хрватската влада, заклучно со Пленковиќ мирно гледаше како Сбербанк и ВТБ во Агрокор како 'рбет на прехранбената индустрија вложуваат околу 1,3 милијарди евра што е една третина од вкупниот долг, а истовремено плукаа во чинијата од која сркаа.
Неосновано потценувачкиот однос на владата на Пленковиќ кон Русија, му се врати и во lex Тодориќ со кој се обиде Русите да ги исклучи од одлучувањата, а притоа да ги задржи нивните 300 милиони евра во кредити за потребите за одржување на ликвидност на Агрокор. Русите овој дилетантски обид на Пленковиќ за кокошарење и "контрола на штета" едноставно го спречија најавувајќи прекинување на испораката на гас за петрохемиската индустрија и на ДИОКИ преку ППД (Прво плинарско друштво, главниот снабдувач со гас), а притоа отворија уште едно стечајно минско поле за хрватската влада.
Едноставно, Русите можат до крај на светот да чекаат на Пленковиќ да му стигне од газот до главата дека моментално Москва одлучува или располага со значително влијание врз економијата, и дека без нив нема да биде донесена ни една важна одлука. Спасиба Валентиќ, Санадер, Карамарко и Пленковиќ, вашата геополитичка генијалност со години ќе се изучува на студиите по политикологија.
Но, што значи за Хрватска толкав наплив на руско влијание? На надворешнополитички план, посебно во делот на европската политика кон Русија, Хрватска ќе мора да направи дополнителни отстапувања ако сака мир на внатрешен план. Русија со леснотија ќе инвестира уште пар стотини милиони евра во руинираната економија, но и преку ноќ ќе го повлече целиот тој капитал од Хрватска ако се почувствуваат загрозени или навредени. Хрватска сосема сигурно ја чека и бран на руско инвестирање во туризмот, увоз на нивни производи и понатамошно ширење во сите економски сфери, пред се во енергетиката. Поедноставено, располагаат со безгранични финансиски ресурси, јасна идеја и со целото време на овој свет.
Новиот шеф е во градот и лупа шамари за секоја непослушност додека ги бира најубавите девојки за провод.
Оваа понижувачка ситуација за државниот суверенитет или како што Пленковиќ мудро би ја формулирал "неблагодарни реал-политички услови", невозможно е да се поправи во краток рок. Расправање со Русија до сега не се покажа како успешна стратегија, а на Американците и на десничарската икона Трамп моментално не им чуе за југоисточна Европа, посебно додека главен соговорник им е генералисимус Колинда.
Агрокор и сите профитабилни делови од концернот ќе и припаднат на Русија, а благодарејќи на подредената положба само дополнително ќе се задолжуваме и купуваме тони харинги, евтина водка и кисели краставици.
Целото пренемагање и мудрување на Пленковиќ за "Хрватска на единствениот европски пат", се покажаа како празни илузии затоа што истата таа ЕУ нас нè игнорираше во арбитражата со Словенија, во проблемот со бегалците, политиката кон БиХ и барањето за уставотворност на Хрватите, судирот со Србија околу вооружувањето, па чисто се сомневам дека ќе го продлабочи својот судир со Русија за да ја заштити хрватската економија од ризични вложувања и корумпирани власти.
Русија дефинитивно се насели во Хрватска и тоа е факт со кој ќе мораме да научиме да живееме. Премиерот Пленковиќ беше гадно наплескан од Путин и секоја следна хрватска Влада ќе води разорна политика, со едно околу гледајќи кон Брисел, а со другото кон Москва. Lex Тодориќ е јасен пример за тоа што се случува кога државните лидери страдаат од илузии за лажни големини и ненаситна алчност.
И затоа, здраствујте и добро потегнете вотка од 2,99 рубљи за да загреете коски затоа што не патуваме кон Швајцарија туку во Иркутск преку Белград.