Преземањето на Агрокор е во склад со шаблонот на рускиот економски продор од "Прирачникот на Кремљ" на Центарот за стратешки и меѓународни студии од Вашингтон. Се работи за процес кој авторите го опишуваат како "манипулирање на државата со доминирање и злоупотребување на стратешките економски сектори".
Подемот на популистите предизвика алармантна реакција меѓу таканаречените елити. Најголем дел од нив се обвинуваат самите себе си дека ги заборавиле оние што останале "зад нив", и дека не обратиле внимание на потребите на обичниот човек. Новинарите се обвинуваат себе си дека се премногу политички коректни, премногу наклонети кон глобализацијата и ксенофилијата. Ова, со цела почит, се глупости.
Универзумот на заблестите и штрбавите се судираат само спроти избори. Тогаш заблестиот ќе се потсети колку ги мрзи штрбавите заради фактот дека штрбавите се во големо мнозинство и дека најверојатно, повторно ќе триумфираат. Тогаш штрбавиот се потсетува колку ги мрзи заблестите заради нивната вообразеност и надменост и фактот дека, само затоа што ги имаат сите заби, константно ги гледаат од височина.
Да, можеби излезот од целосниот хаос во кој се прпелка светот е враќање неколку века наназад. Не затоа што тогаш немало мобилни и таблети, а луѓето многу се почитувале и си викале добар ден, туку затоа што тогаш имало и - просветителство. А тоа значи емпирија, рационалност, факти, трагање по вистината. Не по пост-вистината и не по лагите кои ќе се наречат алтернативни факти.
Балканот е место каде што гледаме во исто а ни се гледа различно. Каде што кога е тешко, луѓето не не знаат дали попрво да му се помолат на Бога или да го опцујат. А на Балканот секогаш е тешко. Затоа таму прво се научуваат молитвите и пцостите. Прчвара во која на секој ќош се дига чашка ракија за здравје, а никогаш повеќе не се умирало од рак.
Не знам дали сте забележале, со децении капата ни ја кројат исти луѓе. Дачиќ, Вучиќ, Драшковиќ, Чанак, Љајиќ, Николиќ, Веља, Маја, Борис... сè е исто а на Србија никогаш не и било полошо.
По ужасот од година што беше 2016, најголемиот дел од политичките набљудувачи веруваат дека либералниот светски поредок е во сериозни проблеми, и тука завршува нивната согласност, пишува директорот на Европскиот совет за надворешни односи, Марк Леонард.
Сцените во кои се замислуваш себеси се прилично ретки. Непријателот обично е попаметен од каскадерите што Рамбо ги коси со стрели, рафали, базуки и мачети. И дечките од другата страна ги гледале истите филмови. Поглуп си од нив ако тоа го заборавиш.
Мајкл Мур состави упатство во 10 точки за реметење на мандатот на новиот претседател. Убеден е дека ако граѓанскиот отпор одигра мрежно и упорно, Доналд Трамп нема долго да трае.
Во иднината ако сакаш да имаш работа, ќе треба да бидеш што е можно поразличен од машините: креативен, критичен и социјално вешт. Ако е така, зошто тогаш децата се учат да се однесуваат како машини?
Влезете во продавница за козметика: сите тие варијации на течности и креми, сето тоа е последица на сто години маркетинг кампањи, кои полека измислувале еден по еден проблем и ги убедувале луѓето дека го имаат.
Откако на Америка и се случи Трамп, полека почна да се шири и популаризира еден цитат откорнат од книга од 1998, со наслов Achieving our Country. Освен што го предвиде доаѓањето на Трамп, авторот има уште неколку предупредувања за левицата кои се уште не стигнале да станат инспиративна слика со текст, за некој сериозно да ги сфати.
2021 година, претседателот Доналд Трамп за кратко ќе даде заклетва за својот втор мандат. 45-от претседател е видно остарен во последните 4 години. Тој силно се потпира на раката на својата ќерка Иванка за време на неговите ретки појавувања во јавноста.
Во расправа околу атеизмот и религијата Колбер го начекува Џервејс со: твоето потпирање на науката е само твоја верба во способноста на научниците. По ова следува една од најблескавите реплики во одбрана на атеизмот: науката постојано се докажува, земи запали ги сите книги за наука и за 1.000 години пак ќе дојдеш до истите факти. Но овој дел од изјавата на Џервејс е спорен, барем за луѓето што ја следат науката.
По зборовите на основачот на Твитер, Биз Стоун, идејата, отсликана и во логото на Твитер, е дека сервисот ќе помага луѓето да се зближат. Како во недоволно добро прецизирана желба, ова им се оствари на основачите, луѓето почнаа да се собираат, ама на две спротивставени страни.
Канадскиот премиер ја изненади светската јавност кога на еден ден по нападот на џамијата во Квебек во кој загинаа 6, а ранети се 19 луѓе, случајот го карактеризираше како терористички напад. Ова е прва пат напад врз муслимани на Западот да биде наречен тероризам.
Сите забележаа како Доналд Трамп сред свечената инаугурација и се сврти на сопругата и кратко и рече нешто кое нејзе во моментот и ја тргна насмевката. Ја крена главата и од озареност потона во длабока, молчалива потиштеност. Ситуацијата е чудна, и малку морничава. Светот се запрепасти како Доналд Трамп е безобзирен и суров кон најблиските. Ама, ако мене ме прашате, тоа е тоа. Со Словенци поинаку не може да се разговара.
Текстов зборува за лажните вести за наводни фудбалски трансфери како потпалувачи на емоции и јадици за кликови. Но неговите генерални заклучоци за тоа како стојат работите во медиумите, кои често го прават истото она што и некој безимен трол на социјалните мрежи, важи и во други области, во кои интегритетот и здравиот разум се на резервна клупа.
Откако ги испоанализираа сите исходи што им се случија периодов, естаблишментот сфати дека стварно по пат заборавиле многу народ зад себе. И сега фатија да го поправаат тоа, најчесто теоретски.
Летоска 450 писатели потпишаа петиција против кандидатурата на Трамп. Имаше и такви кои одбија да им се придружат, велејќи дека човекот барем до тој момент не направил ништо што е против принципите на демократијата. Меѓу нив беше и еден кој во меѓувреме се предомисли - реалноста знае преку ноќ да напукне, како евтин асфалт под сканија.