Мислења

Митот за декриминализација на проституцијата

Декриминализацијата на трговијата со секс се промовира како нешто кое на жените ќе им обезбеди поголема моќ, и ќе ја ребрендира оваа услуга. Но статистичките и други податоци за земјите во кои проституцијата е легализирана и/или декриминализирана не покажува ваков позитивен тренд, тврди коментаторка на списанието Аеон.

Хилари, лажната алтернатива на Трамп

Во анализа за Њујорк тајмс, Дејвид Брукс објаснува дека поранешната прва дама не ги привлекува гласачите пред се заради својот темперамент, односно дека е постојано опседната со својата кариера и и' недостасува животна радост. Џон Мекартур во колумната за Ле монд дипломатик објаснува дека тоа е најмалку важното нешто што може да се каже за Хилари.

Фантомите на "економијата на знаење" на Западниот Балкан

Иако како концепт идејата дека економијата на знаење доведува до напредок е крајно благородна, во пракса таа комплетно се извитоперува "заради вообичаената асиметрија на резултатите што се постигнуваат во земјите во јадрото на ЕУ и на периферијата."

Бразил уште сега е пишман околу Олимпијадата

Кога ја добиваат организацијата во 2009-та Бразилците сметаат дека тоа е победата што со генерации ја чекаат, дека таа конечно ќе го промени начинот на кој Бразилците се гледаат себе си, и дека од тој момент настапува светлата иднина на земјата. "Сега кога стигна 2016-та, јасно е дека Бразилците се изгореа," пишува Бразилката Шајен Полимедио за Дејли Бист.

Зошто најважната олимписка кошаркарска репрезентација не беше Дрим тимот

Стеф Кари е последниот чекор во неколкудецениската еволуција на кошарката, за чие подобро разбирање треба да се вратиме 25 години на Олимпијадата во Барцелона, каде настапи првиот Дрим Тим. Ама ова не е тимот кој нè интересира, го бараме најголемиот тим на сите времиња: кошаркарската репрезентација на Југославија од 1992, пишува Ролинг стоун магазинот.

Шепот на распадот

Унијата ја оди истата, стара патека на која некогаш се лизна Југославија: Политичкиот темел на Југославија беше социјалистичкото самоуправување, кое се извитопери во голо владеење на политичката бирократија. ЕУ започна со идејата да ги здружи луѓето, а не ги здружи ни државите, туку се претвори во голо владеење на крупните корпорации и финансискиот капитал.

Меѓународен монетарен заеб

Тешко е да се докаже добробитта од отворањето на пазарот и воведување на мерки за штедење кога се анализира голем збир на земји. Напротив овие елементи на неолиберализмот доведуваат до изразита нееднаквост, а нееднаквоста и штети на одржливоста на економскиот раст, се порачува во текстот под наслов "Неолиберализам: Преценет?" Тројцата автори на текстот се од ММФ и тоа заменик директор, шеф на дивизија и главен економист.

Драг Џон Стујарт, тешка беше годинава без тебе

Ми недостасуваа нашите заеднички вечери на софата, да ми збориш за најновото зло што се случило или за некоја глупост или резил на Фокс њуз или Републиканците.

Пет причини зошто ќе победи Доналд Трамп

Да можеа од кауч да гласаат оние кои дома играат Икс Бокс или Плејстејшн, ќе победеше Хилари, вели филмаџијата Мајкл Мур и додава: Бидејќи не можат изговорете ги следниве зборови бидејќи ќе ги изговарате следните 4 години: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАМП.

Турција, неуспешен пуч и верба во демократијата

Пред многу години си реков на себе: "Ако има уште еден пуч во земјава, ќе се откажам од новинарство..." Мината вечер ме потсети на ова ветување, пишува во својата колумна поранешниот главен уредник на Хуриет, Ертурул Узкук.

Контра-пучот во Турција

Иронично е што, додека припадниците на војската започнаа државен удар против него, Претседателот Реџеп Таип Ердоган се одлучи на герила медиумски тактики - обраќајќи се преку Фејстајм апликацијата на неговиот мобилен - за да ги повика Турците да се спротивстават на пучистите.

Изградбата на Британија

На денот на доаѓањето на власт на Тереза Меј, поранешниот британски премиер Гордон Браун прави список од 7 "несигурности" со кои таа ќе треба да се бори. Неговата прогноза уште од сега е дека "веројатни се одлагања во имплементирање на волјата на гласачите да се напушти ЕУ."

Тесла: Бог, Србин, научник

Ако деновиве се направи анкета меѓу жителите на Србија и Хрватска со прашање кој нивен сонародник стекнал најголема меѓународна слава, можеме да бидеме сигурни дека Никола Тесла ќе биде во врвот. Исто така можеме да бидеме сигурни дека големо мнозинство од оние што би го избрале Тесла категорички би отфрлиле каква било врска на познатиот научник со соседната земја.

Дали е можно да бидеш муслиман и демократ?

Прашањето што го поставува турскиот професор по социологија Емре Конгар, во Џумхуриет е: Дали луѓето кои практикуваат Ислам исто така можат да веруваат и во идеалите за секуларизам и демократија?

Русија ја има најдосадната изборна сезона во 2016

Прегледот на вести од светот изминатиов период не ни наговестува дека во Русија на 18 септември ќе се одржи гласање на кое народот ќе избира нов парламент. Според Леонид Бершидски, не ни има зошто кој било да се возбудува околу руските парламентарни избори.

Европејка од втор ред за светот по брегзит

За оние од нас кои израснаа зад Железната завеса со соништа да имаат вистински џинс, гласањето во Британија остава чувство на лично отфрлање.

Елитата против брегзит

Дамиен Хирст пред британскиот референдум дизајнираше проевропски плакати, Ричард Докинс објаснуваше зошто на народот не треба да му се даде да гласа, речиси сите културњаци го промовираа останувањето во Унијата... Но никој меѓу нив не прозбори за сопствената привилегирана позиција ниту за општествената провалија која ги дели од "игнорантските маси."

Што ќе прави полуразвиена држава како Србија во ЕУ?

Европската Унија првенствено е рај за неизбрани бирократи и шанса за банкари и шпекуланти. Јасно е дека полуразвиена земја како Србија таму нема што да бара.

Имаш лажговци, и ги имаш Борис Џонсон и Мајкл Гоув

Лидерите на брегзит немаа друг план освен искористување на популистичките стравови и напаѓање на експертите што ги обезвреднуваа нивните позиции, пишува Ник Коен за Гардијан.

Брекстремно незавидната позиција на Борис Џонсон

Популарниот Борис Џонсон беше еден од најзаслужните луѓе за Брегзит и би требало да слави. Но, по едно интересно сценарио по кое тој во ниеден случај нема причини за радост. И тоа на Џонсон му е јасно.

Англичаните го изгубија правото да ги рачунаат Америте за глупи

Еден ден опуштеност и невнимание и луѓето од островот добороволно се откажаа од својот омилен национален спорт, пишува Енди Боровиц во Њујоркер.

Поглед од Германија - Британија веќе не е кул

Целиот британски гламур исчезна. Вестминстер премногу играше на лажната анти-ЕУ карта. А со резултатот од ЕУ референдумот сега е кристално јасно: се претерало со играта.

Кога за Брегзит би се пишувало како за Блискиот исток (читај: Балканот)

Што ако колумнистите пишуваа за Британија на истиот начин на којшто тоа го прават за стандардните светски жаришта? Вековни етнички конфликти, класна нетрпеливост, идни граници, војници на ООН, сè по ред.

Брегзит е лоша идеја, ама исто и ЕУ

Во 2002-ра бев на постдипломски кога првите евро банкноти и монети беа пуштени во оптек. Моите колеги и јас бевме во неверување дека ова стварно се случува. Беше очигледно дека овие 12 држави ја немаа формирано оптималната зона за заедничка валута, на која и недостасуваа институции неопходни за таа да профункционира.