Иако и самиот се има појавено во софткор порно, одбивноста на поранешната риалити ѕвезда која стана претседател, меѓу порно ѕвездите внесе гнев без преседан. До толку што порано отворените подржувачи на Трамп се стишаа од страв дека ќе изгубат работа (дури и денес се колебаат да говорат за политика а знаат да прекинат интервју веднаш штом се спомне Трамп).
Обвинет за прекршување на главното правило за согласност - грабајќи интимни делови на една од водечките порно дами - порно индустријата застана зад Џесика Дрејк по што се создаде непријателски ров меѓу актерите кои ги симпатизираат Демократите и оние кои се симпатизери на Републиканците.
Политиката стана срамна тајна а на конзервативците во индустријата им беше полесно да проговорат за своите скриени фетиши отколку да ризикуваат да се најдат на погрешната страна на порно мнозинството.
Ова беше година во која политиката стана поинтимна од сексот.
Аурора Сноу, порно ѕвезда, во колумна за Дејли Бист.