Дежуловиќ:

Пред Јаху и Гугл, постоеше Предраг Луциќ

Ич не се заебавам. Точно памтам кога животот ми тргна наваму. Дебелиот беше Виктор Иванчиќ а Предраг Луциќ изгледаше како непознат брат на Горан Бреговиќ кого фамилијата не го вика на неделни ручеци зашто е незгоден кога ќе се напие, па го меша Кептен Бифхарт со Митар Мириќ.

Потоа дојдоа Јаху и Гугл, ама што знаат Јаху и Гугл. Јаху и Гугл немаат точни одговори, ги имаат само оние кои сакаш да ги слушнеш. А малкумина ги сакаат точни. Уште помалку ги знаат.

Предраг беше еден од таквите, човек кој сакаше точни одговори и човек кој знаеше точни одговори. Не е тоа Служба за информации. Тоа е оној број на кој самата Служба се јавува во крајна нужда, онаа кога знаеш дека одговорот на прашањето е точен, ама не знаеш дали е точно прашањето.

Тоа беше работа за генералниот директор. За Предраг Луциќ.

И ако книжевноста е во право - а само книжевноста е во право - и ако со заминувањето на Предраг Луциќ заврши историјата не еден незамисливо огромен свет, никогаш повеќе истражен до крај, толку голем што нашите се вртеа околу неговиот, ние во тој празен космос остануваме без најсјајната ѕвезда, за по него да талкаме и да се судираме, несигурни во своите орбити.

*од колумната на Борис Дежуловиќ во Новости.

22 јануари 2018 - 17:35