Дали добар човек значи добар претседател - а лош човек значи лош претседател? Прошталниот говор на Обама во Чикаго беше подеднакво инспиративен како неговиот говор по победата во ноември 2008. Од него зрачеше оптимизам, умереност и широкоградост. Тој не беше триумфалист. Секогаш вешт во маскирање на клишето со реторика, тој го претвори "Yes we can" во "Yes we did".
Имаше многу солзи таа ноемвриска вечер, вклучително и моите. Се сеќавам на реакцијата на една моја американска пријателка: "Толку сум уморна од тоа Америка да биде мразена. Имам желба да и се восхитуваат на неа. И сега можеби тоа и ќе се случи," рече пријателката. Не е навивачки да се каже дека малку солзи беа пролеани за изборот на Доналд Трамп, освен од ужаснатост.
Вчерашната бизарна прес-конференција од идниот претседател, неговите твитови и отфрлањето најразлични сексуални обвинувања против него повеќе наведуваат на банана република отколку на демократска инаугурација. Дека Америка го заменила светецот со грешник не е контроверзно, дури ни меѓу многуте поддржувачи на Трамп. Меѓутоа американските претседатели не се избрани за да бидат светци. Тие може претставуваат моментални икони на државноста, меѓутоа прво и пред се тие се задолжени за извршување работи.
Обама во вторникот вечерта ги наведе своите достигнувања, и тие не се незабележителни. Во 2009 тој ја извади американската економија од работ на рецесија со еден вид модерен емпатистки кејнзијанизам. Тој ја спаси авто-индустријата, го спречи колапсот на банките и ја врати земјата на пат кон целосна вработеност. Тој претстави план за здравствена заштита кој може има свои мани, ама треба да биде премногу заштитен за неговите непријатели да не можат да го уништат. Во странство на него му успеаа договорите со Иран и Куба, и се обиде да стави крај на војните во Авганистан и Ирак.
Обама беше добар човек. Претседателскиот режим беше без скандали, неговото семејство за восхит, неговите колеги способни. Тој на позицијата донесе достоинство, благородни намери и очигледна интелигенција. Тој знаеше дека американската демократија е фрагилно цвеќе, и што е најголема закана за неа: фрагментација на гласачите според идентитет. Неговото најконкретно предупредување во говорот во вторникот беше против "подемот на фанатичната приврзаност и економско и регионално раслојување... затворање во балон, со луѓе кои изгледаат како нас и ги имаат истите политички ставови."
Тој никогаш не сакаше да биде виден како црн претседател. Во неговиот говор од 2008 тој ниту еднаш не спомна раса. Неговата феноменална автобиографија не беше мемоар на малцински припадник на Армијата на спасот, туку на младо момче од бело семејство што ги бара корените на својата црност. Пасијата кон добредојдето на неговото претседателство во најголем дел беше симболизам за рушење на бариерата.
Она што Обама го разбираше е дека стана претседател на нација на која и треба заздравување, и пред него е свет кој се уште ја гледа Америка како пример за достојно општество. Од сите скорешни претседатели, Обама изгледаше најпосветен на сплотување на луѓето во глобализацијата во најдобрата смисла на зборот.
Сепак главната задача на Обама по таа ноемвриска вечер во 2008 беше да ја претвори славата од неговиот избор во политички капитал. И во ова тој не успеа. Тој не ги исчисти Аугијските штали во Вашингтон https://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D1%83%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0 и скапо плати за тоа. Наметливиот и пристрасен конгрес успеа да го окова. Да го спречи во воспоставување изборна база доволно силна да се спротивстави на воскреснувањето на републиканците, и да го заштити своето наследство.
Под Обама немаше олеснување на расните тензии, без разлика колку тој беше очаен да го постигне тоа. Немаш контрола на оружјето - и малку докази за контрола на полицијата. Гвантанамо не беше затворен. Америка не го повлече своето забележително воено присуство од места на кои немаше право или причина да биде. Се уште има војска во Авганистан и Ирак. Обама не можеше да ја спречи лудата англиско-француска интервенција во Ирак, со која јасно не се согласуваше. Ниту пак направи нешто освен да го продолжи хоророт со граѓанската војна во Сирија, поддржувајќи ја страната што губи.
Во служба на воените советници и лобисти, Обама ги раштрка своите дронови и специјалните сили низ муслиманскиот свет, кое беа непродуктивни за мирот повеќе од кога и да е. Не успеа да го дисциплинира Израел или да дефинира нов однос со Русија. Вашингтон не покажа разбирање дека тероризмот не е исто што и напад на безбедноста на државата.
Претседателот и неговите демократи со ова овозможија Трамп, од сите луѓе, да може да го напаѓа Вол Стрит и Вашингтон. Тие овозможија Трамп да се намести како пријател на обичниот човек. Го оставија него да биде поборник против интервенциите во странство и да ја преиспита улогата на НАТО во Европа. Го оставија него да повика на зближување, без разлика колку кобно, со Русија.
Секако дека Обама тврдеше дека ќе спроведе добар дел од овие работи кога доаѓаше на власт, ама тој очигледно не ги истера до крај. Има моменти во документарецот на Норма Перси од 2015, Во Белата куќа на Обама, во кои насетивме дека негова изострена интелигенција го претвора цврстиот карактер во нерешителност.
Трамп може и нема да го направи она што ветува дека ќе го направи - нормално или ненормално. Меѓутоа ако добар човек не успее да ги испорача своите ветувања, дали е неизбежно дека лош човек ќе има полоши резултати? Мислам дека претпочитан интелигентна нерешителност пред брзоплетост. Ама којзнае? Претседателството на Трамп останува целосна непознаница, не само, веројатно, и за него самиот.
Пред осум години целиот свет бликаше од среќа за Обама. Тој беше прикажан како, што не помогна многу, американски месија. Никој не извикуваше "месија" за Трамп. Кога Обама доаѓаше на власт, клишето беше "Америка никогаш повторно нема да биде иста". Без разлика дали е тоа добро или лошо, таа е речиси иста. Меѓутоа истите апокалиптични предвидувања се прават и за Трамп.
Бидејќи тие не беа точни за Обама, нема причина да веруваме дека ќе бидат точни за Трамп. Неговите непријатели изгледа како да е подеднакво веројатно да се во неговата партија, како и меѓу неговите политички противници. Кога се може да се случи, единствената поделба е меѓу песимистите и оптимистите.
Очигледно, грешка ќе биде да се пренагласи значењето на кој било претседател и неговиот простор за маневар. Пропаста на Обама беше што американскиот устав има можност за поставување бариери за каков било вид на практикување власт.
Можеби пријателите на Америка наоѓаат утеха не во нејзиниот капацитет да се менува, туку во нејзиниот капацитет да остане иста. Овој капацитет ретко кога изгледал попотребен од денес.