И тоа така што тој би се лечел зад решетки, или така што тој и неговите родители би останале без дом и без автомобил, бидејќи не би можеле да ги плаќаат неговите казни.
Значи, не е проблемот во законот, туку во тоа што законот не се спроведува. И сега наместо државата да одговори што правел овој клинец на улица со БМВ и 27 пријави, таа го заострува законот кој и онака е остар. Да се разбереме, го имаат препишано германскиот, а во Германија сигурно никој не вози кола со 19 години и 27 пријави.
Дали стварно е толку тешко да се дознае името на полицаецот кој цело време му ги кинел пријавите, или прекршочниот судија кај кој се изгубил предметот? Не е тешко ниту да се утврди дали неговите родители цело време го штителе детето кое прави такви проблеми на улица. И што воопшто сите ние заедно очекувавме од него на улица. Јас сега не велам дека на родителите е најголемата одговорност. Впрочем, тоа и не може да се реши. Меѓутоа, кога државата е немоќна да го контролира системот кој сама го воспоставила, и со популизам одлучи да ја сокрие својата немоќ и да казни 30.000 нормални клинци, тогаш ова навистина бара јавна дебата.
Како сега ние на децата и на студентите да не им дадеме да седнат во автомобил. Да останат на факултет до доцна. Да учат. Кој сега навистина мисли дека 21-годишник не може нормално да вози кола? Што ќе правиме ако некоја клинка во овие години настрада, не дај Боже, како Тијана Јуриќ затоа што морала од град да се враќа пешки. Дали сите во оваа земја имаат за такси. Или се побезбедни со ноќен автобус. Дали тогаш пак само ќе го менуваме законот. Кои сме ние воопшто да им браниме да деца од 20 години да излегуваат во град. Каков тоа пуританизам ја зафатил Србија?
Секој кој еднаш бил во странство знае дека кога таму ќе те застане полицаец го гледаш во уста и го слушаш што збори. Мојот пријател Владо Богдановиќ неодамна го застанаа во Монтреал, ни полицијата не можеше да се изначуди што нашла некого во таква состојба, па за се' плати околу 10.000 долари. И освен тоа мораше и три месеци да оди на психолог за да му објаснат дека не треба воопшто да му падне на памет пак пијан да седне на волан. Ова го чинеше нови 10.000 долари.
Кај нас нормално се' е спротивно. Чист провинцијализам. Како кај мене на село во Хоргош кога брат ми Нешо беше застанат од другар му полицаецот Микика и овој на камен пијаниов му вика: "Нешо, Нешо... Ајде полека дома."
Проблемот е што тука сите и се' се навикнати да работат преку врски. Зошто кога ќе станете новинар прво морате на сите тетки, пријатели и полупријатели да им извадите лична карта преку врски, бидејќи што има они да чекаат во ред, за подоцна да ве бараат како вие да сте Вучиќ, за да вработите некого, да позајмите некому, и на сите со ред да им средите некој документ или кај доктор. Да не зборувам за одмазди преку весници. Посебно за некој бахат полицаец кој баш на некој твој далечен роднина му забранил да вози пијан.
А, возел пијан милион пати?! Нема разлика, кога ти кажува тетка.
Е заради тоа веќе ја нема Анастасија (16), Немања (18) и Милош (20). И заради тоа во целата приказна не е највиновен Душан Јовановиќ од кого само се чекало да направи такво нешто. Дваесетиседум пријави, тогаш он тоа го направил барем уште 270 пати без да биде забележан. Новиот закон ова не го спречува. Напротив. Впрочем, Душан и таа вечер возел без дозвола.
Нам ни треба закон за почитување закони. Кој не верува нека го праша мој Владо. Он веќе ни во Србија не вози пијан...