Имаше тврдења дека Кина имала претходно знаење за руската воена акција и барала Русија да ја одложи истата до завршувањето на Зимските олимписки игри. Неодамнешните гласини тврдат дека Русија барала воена помош од Кина. Дозволете ми ова да го кажам со одговорност: Наметнувањата дека Кина знаела, се согласила да или премолчано ја поддржала оваа војна се чисти дезинформации. Сите овие тврдења служат само на намерата да се обвини и да се фрла со кал кон Кина. Има повеќе од 6.000 кинески граѓани во Украина. Кина е најголемиот трговски партнер и на Русија и на Украина, и најголемиот увозник на сирова нафта и природен гас во светот. Конфликтот меѓу Русија и Украина не е од корист на Кина. Да знаеше Кина за неизбежната криза, ние ќе дадевме сè од себе за да ја спречиме.
Кина е посветена на независна надворешна политика на мир. Како цврст поборник на правдата, Кина ја одредува својата позиција по основа на карактеристиките на прашањето. Околу Украина, кинеската позиција е објективна и непристрасна: целта и принципите на повелбата на О.Н. мора целосно да бидат следени; суверенитетот и територијалниот интегритет на сите држави, вклучително и Украина, мора да биде почитуван; легитимните безбедносни грижи на секоја држава мораат да бидат сериозно сфатени; и сите напори кои би довеле до мирно решавање на кризата треба да бидат поддржани.
Имајќи го ова предвид, заканите против кинеските ентитети и бизниси, какви што беа искажани од некои американски функционери се неприфатливи. Ниту војна ниту санкции не можат да донесат мир. Мавтањето со палката на санкции кон кинеските компании додека се бара кинеска поддршка и соработка едноставно нема да успее.
Некои луѓе ги поврзуваат Тајван и Украина за да се нагласи ризикот од конфликт во Тајванскиот теснец. Ова е грешка. Ова се две сосема различни работи. Украина е суверена држава, додека Тајван е неразделив дел од кинеската територија. Тајванското прашање е внатрешна кинеска работа. Не е логично луѓе да го нагласуваат принципот на суверенитет на Украина додека истовремено наштетуваат на кинескиот суверенитет и интегритет со Тајван. Иднината на Тајван лежи во мирното решавање на односите меѓу двете страни и негово реобединување со Кина. Ние сме посветени на мирно повторно обединување, но исто така ги задржуваме сите опции за спречување на „независноста на Тајван“. Се надеваме дека Соединетите држави искрено се држат до принципот на една Кина и не го подржуваат „независен Тајван“ сепаратизмот во која било форма. За да се осигура долгорочен мир и стабилност во Тајванскиот теснец, Кина и САД мораат заедно да работат на зауздување на „независноста на Тајван“.
Во Украина, Кина направи огромни напори за да притисне за мировни разговори и спречување на хуманитарна криза. Во телефонски разговор со претседателот Владимир Путин на вториот ден од конфликтот, претседателот Ши Џинпинг ја изрази желбата на Кина да ги види Русија и Украина на мировни преговори што е можно побрзо и доби позитивен одговор на тоа. На виртуелните средби со лидерите на Франција и Германија, Ши ја нагласи потребата од заедничка поддршка за разговорите меѓу Русија и Украина.
Јанг Џиечи, директоратот на Канцеларијата на Централната комисија за надворешни работи, само што се сретна со националниот советник за безбедност Џејк Саливен во Рим, а државниот советник Ванг Ји исто така има блиска комуникација со државниот секретар Ентони Блинкен и други министри за надворешни работи на кои ги разменува своите гледишта на украинската криза. Кина исто така изработи и иницијатива од шест точки во која повикува на гаранции дека хуманитарните операции ќе се спроведуваат според принципите на неутралност и непристрасност; ќе се даде целосно внимание на раселените лица во и од Украина; ќе се осигури заштита на цивилите; ќе се обезбедат безбедни и мирни хуманитарни активности; ќе се осигури безбедноста на странците во Украина; и ќе се поддржи координативната улога на Обединетите нации во распределувањето на хуманитарната помош, како и работата на кризниот координатор на Обединетите нации за Украина. Првата транша од итните хуманитарни залихи од кинеското здружение на Црвениот крст до нивните украински колеги веќе се испорачани од Пекинг.
Како што кажува кинеската поговорка „треба повеќе од еден студен ден за да замрзнат три стапки мраз“. Долгорочниот мир и стабилност во Европа се потпира на принципот на неделива безбедност. Мора да има балансирана, ефикасна и одржлива европска безбедносна архитектура. Приоритетот сега е да се постигне примирје за заштита на цивилите од војна. Меѓутоа како перманентен член Советот за безбедност на О.Н. и како одговорна голема држава, Кина ќе продолжи да ги координира вистинските напори за постигнување траен мир. Ние сме подготвени да преземеме сè што можеме и да работиме со другите страни. Нашата крајна цел е да се стави крај на војната и да се поддржи регионална и глобална стабилност.
Ќин Ганг,
Амбасадор на Народна република Кина во Соединетите Американски Држави