Шпанската агенција за заштита на податоци тврди дека Фејсбук агрегирал информации од корисниците и некорисниците без да разјасни како ќе ги користи овие податоци.
Во жетвата Фејсбук собирал и информации како политичка идеологија и лични преференции, и ги чувал овие податоци долго време откако корисниците ги избришале своите профили.
Белгија, Холандија и Германија имаат започнато истрага против Фејсбук за слични прекршоци. На почетокот од годинава француската агенција за заштита на податоците го казни Фејсбук со глоба од 150.000 евра.
За подбраа перцепција на болката што казната од 1,2 милиони евра му ја предизвикува на Фејсбук, треба да се знае дека компанијата во 2016 пријави приходи од 27,6 милијарди евра.
Потенцијален проблем за Фејсбук е што ЕУ одлучи дека од мај 2018 ќе ја крене тарифата за овие прекршоци. По ново компаниите што ќе ја нарушат приватноста на своите корисници ќе платат казна од 20 милиони евра или 4% од нивниот вкупен приход. Критериумот за избор на казна е - која сума е повисока.