Така, Гугл од 2009-та знае каде сè си бил (доколку во тоа време си имал вклучен смартфон и активирано следење на локација). Ако сакаш да провериш кои сè локации ги има за тебе, клик на линкот: https://www.google.com/maps/timeline?pb
Сетоа она што некогаш си го пребарувал додека си бил најавен на Гугл стои запишано кај нив на сервери, дури и ако на телефон или во браусер си ја избришал твојата историја.
Ова е една посебно богата ставка, која педантно го запишува секој збор што си го пребарал, апликација што си ја отворил, реклами што си видел и каде си бил.
Податоците за себе можеш да ги провериш на линкот: https://myactivity.google.com/myactivity
Од податоците што ги има за тебе Гугл формира твој профил за рекламирање кој вклучува информации како локација, пол, години, хобија, кариера, интереси, статус на врска, тежина и приходи.
Профилот можеш да го провериш тука: https://www.google.com/settings/ads/
Гугл води евиденција на секоја апликација што некогаш си ја користел (или екстензија), и колку често си ја користел, каде и за што се таа има пермисии на твојот телефон.
Списокот со апликации го имате на: https://security.google.com/settings/security/permissions
Никако не изненадува ни тоа што Гугл ја има целата твоја Јутјуб историја, па веројатно од тоа можат да извлечат заклучоци за тебе. Тоа можеш да провериш тука:
https://www.youtube.com/feed/history/search_history
Во целата своја корпоративна коректност Гугл нуди опција да ги симнеш сите податоци што тие ги имаат за тебе. Ова вклучува твои букмаркси, мејлови, контакти, фајлови од Гугл драјв, видеа на Јутјуб, фотографии од твојот смартфон, календар, разговори на хенгаутс и буквално се што има за тебе. Купчето знае да биде и повеќе гигабајти.
Вашето лично пакетче, ве очекува тука: https://www.google.com/takeout
Слична опција нуди и Фејсбук кој дозволува да ги симнете сите информации за вас. И овие се повеќе лични отколку она што го има Гугл, и ги вклучуваат сите пораки кои некогаш сте ги примиле или испратиле, и сите контакти од телефонот што сте ги споделиле со Фејсбук.
Тука: https://www.facebook.com/help/131112897028467
Фејсбук води сериозно обемно досие за вас, евидентирајќи дури и работи како стикери (сите што некогаш сте ги испратиле), а во примерот на новинарот на Гардијан, Фејсбук има евиденција на времето во кое тој не бил во врска, и колку време по инсталирање на Тиндер имал партнерка.
Деталноста на Гугл податоците, посебно од твоето пребарување и сурфање, може сериозно да те заглават. (Оди објасни се зошто имаш 500 пребарувања на Пајртбеј.) Плус Гугл и понатаму располага со најголемиот дел од податоци што некогаш си ги избришал од Гугл драјв и тие ти доаѓаат во пакетчето за тебе што можеш да го симнеш од Гугл.
Истото важи и за секој меил што некогаш си го пратил или примил, без разлика дали си го избришал или си го обележал како спам.