ЈП Морган, Банк оф Америка се дел од растечки број на банки од Волстрит што се волни да почнат да тргуваат со руски обврзници. До пред само некое време американските банки овие обврзници ги сметаа за озрачени и никој не сакаше да ги пипне.
Американски медиум дојде до проценки на извршен директор на Банката на Америка во кои тој се надева дека работниците нема уште долго да имаат толку сила да бараат поголеми плати. Во очите на банкарите, слабеењето на преговарачките позиции на обичниот народ се добредојдени за економијата.
Првиот месец од руската инвазија на Украина изгледаше лошо за Русија како на фронтот во Украина, така и за економијата дома. На 23-ти март, Путин објави дека во иднина ќе бара сите енергенси Европа да ги плаќа во рубљи. Од тогаш почнува да се случува пресвртот, барем во економската војна.
Лондонската ХСБЦ, една од најголемите и најмоќни банки на светот дозволи во рамките на нејзината кинеска филијала да почне да функционира комитет на Комунистичката партија задолжен за банката.
Руската економија страда од санкциите што Западот и ги наметна, но не со брзина и со болката кои Западот ги очекуваше, пишува Светскиот економски форум.
65% од откриените светски резерви на нафта и гас се во сопственост на национални нафтени / енергетски компании, и ова е страшно лошо за светските приватни нафтени корпорации и нивната способност да го контролираат или да направат што било на пазарот.
Американската дневна побарувачка на бензин за минатата недела паднала на 8,06 милиони барели на ден, што не е само пониско отколку во времето на пандемијата во 2020, туку и најниско од летната сезона 1996.
Сопругот на Ненси Пелоси, претседателката на американскиот Претставнички дом, купил акции од производител на чипови во вредност од 5 милиони долари, пред закажаното гласање во Претставничкиот дом за десетици милијарди долари субвенции за индустријата за производство на чипови.
Наспроти корпорациски џинови како ИКЕА, Мекдоналдс и Најк, диспропорционално многу германски компании одлучиле да ги бојкотираат санкциите против Русија и да продолжат со своето функционирање во моментално најсанкционираната држава на светот.
Маск моментално е на суд каде Твитер му ги бара 44-те милијарди долари што овој требаше да ги уплати за купување на компанијата пред целосно да се откаже од намерата.
За прв пат во историјата на Њујорк во јуни е пробиена границата на просек од 5.000 долари месечна кирија на Менхетен или ако ви треба баш точната бројка, сумата е 5.058 долари.
Премиерот Фумио Кишида побарал до почетокот на зимава 9 сега згаснати нуклеарни реактори да бидат стартувани и во функција за да помогнат околу очекуваната енергетска криза.
За прв пат по две децении, од времето кога европската валута беше во зародиш, 1 евро и 1 долар имаат иста вредност, откако еврото достигна минус од 12% од почетокот на годината.
Јури Воронов, првиот човек на логистичка компанија со сериозни договори со Газпром е најден застрелан со куршум во глава во базенот во својата куќа во близина на Санкт Петербург.
Статистиката за Русија за првите 100 дена војна во Украина е приходи од 97 милијарди долари. Или 977 милиони долари на ден, без разлика дали било работен, викенд или празник.
Една од неочекуваните последици од нафтениот зорт што настана од војната во Украина е што би можело да се открие дека најголемите производители на нафта од ОПЕК всушност ги немаат капацитети за производство на нафта на кои целиот свет се надеваше а тие ги промовира.
Тоа што почна како лошо претчувство околу намалениот доток на руски гас во Германија, сега се претвори во многу реален проблем откако Газпром го скрати дотокот на руски гас во Европа за 60% и изгледа дека ќе продолжи да го намалува.
Европската Унија и останатите сојузници успеаа да ја намалат дневната потрошувачка на руски гас за 75%, па Русија почна овие 25% да им ги продава по четири пати повисока цена.
На средина на оваа недела, руската валута достигна вредност од 52,3 рубљи за долар. Пред три месеци, кога ЕУ и САД започнаа со воведување санкции за Русија заради нејзината инвазија на Украина, беа потребни 139 рубљи за еден долар.
Како што повеќе се стегаат нафтените санкции против Русија, така се повеќе руски нафтени пратки сред Атлантикот исчезнуваат од радар. Само во изминатите две недели најмалку три руски танкери ги снемало од системите за следење бродови во моментот кога се приближиле до Азорските острови.
За прв пат од почетокот на војната повеќе од три тони руско злато и биле испорачани на Швајцарија, што се толкува како сигнал дека на индустријата и пројдоа првичните праведнички дилеми околу руските скапоцени метали.