Единствена друга компанија што беше блиску до катастрофалниот рекорд на Амазон беше Микрософт, кој од пикот во ноември 2021 изгуби околу 889 милијарди долари од својата вредност.
Иако акциите на технолошките компании цела година паѓаат тие добија посебно силен удар од стравот од рецесија, па топ 5-те американски технолошки компании по приходи годинава губат речиси 4.000 милијарди долари пазарна вредност.
„Најголемата он-лајн продавница на светот ја мина годината адаптирајќи се на острото забавување на растот во е-трговијата предизвикано од тоа што купувачите се вратија на своите купувачки навики од пред пандемијата.
Акциите на компанијата паднаа за 50% како последица на побавна продажба, зголемени трошоци и скок на каматните стапки.
Од почетокот на годината и богатството на основачот на Амазон, Џеф Безос, падна за околу 83 милијарди долари и сега изнесува 109 милијарди долари,“ пишува Блумберг.
Во извештајот од октомври Амазон предвиди најбавен раст на приходи за празничниот квартал во историјата на компанијата. Ова предвидување беше последниот удар што ја симна вредноста на Амазон за над 1.000 милијарди долари во однос на пикот од 2021.