Бизнис

40% биткоинџии се во була

Биткоинот е паднат за речиси 55% од својот врв во ноември, а 40% од сопствениците сега се во црвено со нивните инвестиции. Тој процент е уште поголем ако ги сметате само оние кои во игра влегоа последните шест месеци, откако валутата достигна 69.000 долари.

Руската економија воскресна

Моментално рубљата има повисока вредност отколку пред руската инвазија на Украина, а Русија во исто време успеа да ги подмири и плаќањата поврзани со обврзниците во странска валута, пишува Економист.

Ќе и каже ли некој на Европа дека евтината живеачка заврши?

Цените растат низ цела Европа и владите се плашат дека новите цени трајно ќе останат, ама никој на континентот не се осудува тоа јавно да го каже.

Кои капиталисти одбиваат 10 милијарди долари?

Многу интересна е целата фертутма околу можното купување на Твитер од Илон Маск. Иако понуда чудесно галантна сума, милијарди долари поголема од актуелната вредност на компанијата, неговата понуда беше мазно одбиена од бордот на Твитер. Да не се работи за нешто друго?

Нетфликс падна за 200.000 претплатници и 50 милијарди долари

Нетфликс тврди дека падот на бројот на претплатници е заради повеќе проблеми, од крајот на пандемија до тоа што претплатниците се нефер и делат пасворди, Илон Маск тврди дека Нетфликс и нивните „разбудени“ содржини се сами криви за падот на претплатници.

Американската инфлација не е од Путин

Уште пред да излезе редовниот извештај за инфлацијата во САД, советниците од Белата куќа се растрчаа за да предупредат дека бројките ќе бидат страшни и дека Путин е крив за тоа. Како што ќе напише Вол стрит журнал во својот едиторијал „што е многу подобро отколку за тоа да ги обвиниш своите политики“.

Русија заработува уште повеќе пари од нафта и гас по санкциите

Ветувањето на највисоките американски функционери е дека ќе продолжат да ја притискаат руската економија со санкции се додека таа не крахира, и тоа неспорно се случува. Проблемот е што крахот е неподносливо далеку, а може и да не се случи.

Американскиот чај кој не е поскапен 30 години

На многу бензиски станици и во дуќани низ Америка може да се најдат ледените чајеви АриЗона во пакување од 680 милилитри за тотално бадијала цена - само 0,99 долари. Се работи за инает на газдата кој на дело покажува дека капитализмот не мора да биде секогаш лаком и дека се живее и со помали маржи.

Буџетот на Путин ќе преживее ЕУ ембарго за гас и нафта

Процената на Ројтерс е дека потенцијалната забрана од Европа за купување енергенси ќе биде тешка за Русија, но ни од далеку погубна.

Најбогатиот човек на светот во 2022

Форбс за прв пат во своето рангирање го прогласи Илон Маск за најбогат човек на планетата со богатство проценето на 219 милијарди долари. Разликата меѓу Маск и второпласираниот е речиси 50 милијарди долари.

Како издржува руската економија под рекордни санкции?

Паралелно со војната во Украина, Западот кај финансиите го отвори единствениот директен фронт против Русија и забрани извоз во земјата, голем корпорации си заминаа, а беа замрзнати околу 60% од девизните резерви на централната банка. Во рок од една недела вредноста на рубљата падна за 30% во однос на доларот, а акциите на руските компании колабираа.

Украина има 15 милиони тони пченка и не може да ги мрдне

Силосите во земјоделскиот појас на Украина се преполни со 15 милиони тони житарки, кои во нормално време веќе ќе беа испорачани на светскиот пазар.

Ако сè продолжи како што е, Путин го чека премија од 321 милијарда долари

Доколку најголемите потрошувачи не направат нешто драматично и не ги затворат славините за гас и нафта, Русија ќе ја заврши годината со приходи што не ги ни замислувала.

Германија го презема Газпром Германија

Германската подружница на Газпром ќе биде префрлена под управа на германскиот регулатор за да се осигури енергетската безбедност на земјата.

Ништо посебното руско префрлање на рубља

Големата заштитна мерка за руската економија и рубљата општо беше исклучувањето на еврото од трговијата со енергенси и одлуката дека странските држави ќе треба рускиот гас да го плаќаат во рубљи. И тоа ем ќе се случи, ем нема да се случи.

Илон Маск стана најголем акционер во Твитер

Минатата недела јавно го резилеше Твитер и неговите рестриктивни политики кон слободата на говорот, за оваа недела извршниот директор на Тесла да реши да направи масовна купуванка на акции во компанијата. Сега има четири пати повеќе акции од основачот на Твитер.

Америка зголемила увоз на руска нафта?

Додека ја води и оркестрира кампањата за санкционирање на изолирање на Русија, Америка не само што не престанала туку и го зголемила увозот на сирова нафта од Русија, тврдат десетина медиумски извори. За само една седмица, волуменот на увезената нафта наводно бил зголемен за 43%. 

Дубаи, новиот Лондон за руски олигарси

Како што Западот почна да им запленува имот и да им наметнува санкции на руските олигарси, така се повеќе јахти и приватни авиони на истите овие олигарси почнаа да се појавуваат во Дубаи, најверојатно на подолго време.

Како Бургер кинг заглави во Русија

Сопственикот на Бургер кинг на светско ниво не може ништо да направи за да го повлече својот бренд од Русија, затоа што тамошниот партнер има многу добар договор.

Кој остана во Русија?

Професор од Јеил води детален список на меѓународни компании и нивниот однос кон Русија по почетокот на војната. Иако стотици компании целосно или делумно излегоа од земјата, речиси 40-на глобални корпорации остануваат длабоко утврдени во земјата под санкции.

Рускиот партнер на Бургер Кинг нејќе да затвори

Од централата на Бургер Кинг стигнало барање да бидат затворени сите 800 дуќани на компанијата во Русија. Рускиот партнер кој им го води бизнисот таму - нејќе. А договорот им е комплициран па повлекувањето нема да оди така лесно. Исто и за Марк и Спенсер.

Санкциите како оружје за масовно уништување

Ако економските санкции се користат како оружје во меѓународната политика со тоа лесно може да се претера и глобалната економија да се распарчи и балканизира. „Да ги истераме санкцииве кон Русија па после да седнеме да размислиме како тие во иднина да се регулираат“, се размислува на Запад. Со други зборови, да падне договор од кога ќе почне да рачунаме што е фер.

Кинески јуани конечно пробија кај Саудијците?

Саудиска Арабија е на пат да дозволи нафтата што Кина ја купува од нив да ја плаќа со јуани наместо како сите децении до сега со американски долари. И ова не е толку заради Кина, колку за инает на САД.

Русија ќе ги плати долговите, ама никој нема да ги види парите

Добра вест: Руските надворешни долгови ќе бидат исплатени. Лоша вест: тие што треба да ги земат парите треба да почекаат крај на војната со Украина, и крај на санкциите од Западот.