На највисокото ниво, сметките за енергија ќе претставуваат околу 15% од европскиот БДП, проценува анализата на Голдман Сакс.
„Според нас пазарот продолжува да ја потценува длабочината, опсегот и структуралните последици на кризата.
Ние веруваме дека тие ќе бидат уште подлабоки и од нафтената криза од 1970-те,“ пишуваат аналитичарите на Голдман Сакс.
Зголемувањето на сметките за енергија предизвика јуриш меѓу европските влади за намалување на трошоците за домаќинствата и фирмите. Меѓу мерките што се планираат е ограничување на цената на гасот и суспендирање на трговијата (на берза) со енергетските деривати. Пример, Франција и Германија исто така поддржуваат еднократен данок на профитот на енергетските компании.
Прогнозата за ограничувањето на цената на енергенсите е дека ќе и заштеди на ЕУ околу 650 милијарди долари во сметки за енергија.