Професорот за меѓународна енергија од Парискиот институт за политички науки, Тиери Бро, објаснува дека ЕУ веќе е во црвена зона и ќе биде неопходно дополнително кратење на побарувачката. По негови процени, потрошувачката треба да се намали уште некои си 3 проценти.
За 9 септември е закажан состанок на европските министри за енергетика, на кој се очекува дека ќе бидат донесени одлуки „кои претходно беа незамисливи“.
ЕУ веќе го изгласа факултативното намалување на потрошувачката на гас за 15%, меѓутоа тоа или бавно се спроведува или целосно се избегнува од членките.
Дури и со игнорирањето на оваа препорака, на терен голем број фабрики од европската тешка индустрија почнуваат да затвораат, а еврото трпеше штета и пред Москва да го секне гасот.
Една од опциите што ги има Германија, а заради некоја причина и понатаму е контроверзна во земјата, е да го одложи затворањето на двете нуклеарни централи, кои би покриле 2,3% од потрошувачката на гас или некои си 5,4 милиони кубни метри на ден.
Тоа што е олеснително за Европа се процените дека на почетокот од грејната сезона температурите ќе бидат повисоки од вообичаените. Тоа што не е олеснително е за колку време ќе дојде студот и колку ќе паднат температурите а со тоа и резервите на гас.
Излезот од сите овие математики е само рестрикција на струја, а Германија ова го планира уште од јуни. Во првиот круг рестрикции ќе паднат за јавните потрошувачи, улично осветлување и слично. Потоа на мета ќе бидат големите индустриски потрошувачи, па на крај ако дојде до тоа струјата ќе им биде секната и на домаќинствата.