Анализата што ја прави Кредитсвис покажува дека средното богатство по возрасен жител (18+) во Кина изнесува 26.752 долари, додека кај Европеецот е 26.690 долари.
Предноста на Кина е и заради тоа што е земена предвид цела Европа, каде на пример ја имаш Русија со 6.379 долари, ама и Белгија со среден приход од 256.336 долари. Од друга страна ова не е оправдание за Европа бидејќи Кина сепак пред само неколку децении се крена над границата на сиромаштија и средната сума ја вади на население од над 1 милијарда луѓе.
Кредитсвис пресметале дека глобалното богатство во 2021 се зголемило за 9,8% и изнесува 436 илјади милијарди долари. Од овој раст, нешто повеќе од половина отпаѓа на САД, околу четвртина е на Кина, а Европа, Латинска Америка, Африка и Индија учествуваат со разочарувачки 11,1%.
И пред извештајот Европа има влошени резултати на глобално ниво. Па откако во 2022 еврото за прв пат падна на исто ниво со доларот, пред некој ден и британската фунта падна на најниско ниво во изминатите четири децении во однос на доларот.
Кина го задржа и првото место за држава со најбрзо растечко средно богатство кое во изминатите две децении е зголемено за повеќе од осум пати, од 3.111 долари во 2000 на 26.752 долари во 2021.