Се работи за најразлични руски суровини неопходни за американската индустрија, од иверка, алуминиум и радиоактивен материјал, до вотка, дијаманти и бензин, кои не се запрени со пристигнување од инаку масовно санкционираната Русија во САД.
Проверката ја прави Асошиејтед прес, според кои овие 3.600 пратки се значителен пад од минатата година кога имало вкупно 6.000 пратки во овој период. Разликата е што минатата година немаше ни приближно толку санкции против Русија како годинава.
Разговарајќи со различни извори и експерти, Асошиејтед прес пишува дека „во реалноста, никој запознаен не очекуваше трговијата по инвазијата сосема да запре. Забраната на увоз на одредени производи веројатно многу повеќе ќе им наштети на овие сектори во САД отколку во Русија.“
Една од заблудите што ја појаснува Асошиејтед прес е дека сите ги имаат воведено исти санкциите против Русија. Реалноста е дека секоја држава воведува и санкционира различни производи и компании, главно штелувајќи ги според своите потреби. Најголем консензус има околу банките и енергенсите, но и таму има штелување од држава до држава.
Некои од увезените производи од анализата како ѓубривото, не само што се легално влезени во САД, туку и нивниот увоз е отворено поттикнуван од американските власти.
Во некои случаи Американците не знаат дека увезуваат руски производи. Пример увозот на нафта од Казахстан се прави преку руски пристаништа, на кои некогаш пратките се мешаат со руска нафта.