Тоа што до сега го живеевме, барем во последниве четириесет години е веројатно најуникатната ера во историјата на човечката историја на стабилен раст и инфлација. Според Блекрок (чие портфолио вреди над 3100 милијарди долари) оваа ера е завршена и сега следува период на нестабилност и непредвидливост.
Тим на стратези на Блекрок, предводени од заменик претседателот Филип Хилдебран во извештај под наслов Глобал аутлук 2023, предупредуваат дека новата ситуација значи дека властите веќе нема да можат да ги поддржуваат пазарите во обем како до сега:
„Како што централните банки се обидуваат да ја зауздаат инфлацијата, така рецесијата е речиси сигурна. Ова е спротивна од минатите рецесии. Централните банки нема да дојдат да помогнат кога растот ќе се забави во овој нов режим, наспроти она што инвеститорите го очекуваат. Процените на вредноста (на компаниите) се уште не ја отсликуваат штетата која претстои.“
Нивното предупредување е и дека веќе нема да функционираат старите стратегии на „купување на падот“, очекувајќи голема наплата кога ќе се крене берзата, од причина што тие не гледаат во блиска иднина високи цени на компаниите на берзата како што тоа беше во изминатите децении.
Банки како Морган Стенли, Банк оф Америка и Дојче банк предупредуваат на пад на американските акции во 2023 за повеќе од 20%, како последица на економскиот пад и проблеми со ликвидност предизвикани од растот на каматите на Федералните резерви. За првиот човек на Голдман Сакс, американската економија има само 35% шанси да избегне рецесија.
На оптимизмот сериозно влијае и очекуваното забавување на пазарот на домување и одложувањето на корпоративните планови за инвестирање, плус намалувањето на штедните влогови на граѓаните и довербата на ЦЕО-та.