Платите растат побрзо отколку што претходно се очекуваше па задача на Европската централна банка е да спречи нивниот раст да се надоврзе на и онака високата инфлација во Унијата.
„Знаеме дека платите растат, веројатно со побрза стапка отколку што претходно се очекуваше.
Не смееме да дозволиме инфлациските предвидувања да се одвојат или платите да имаат инфлациски ефект,“ порачува Кристин Лагард.
Освен ограничувањето на платите нејзината препорака е дека е неопходно ЕЦБ да ги крене каматните стапки. ЕЦБ веќе ги криена каматите од 0,5 на 2,5 проценти, и порача дека е подготвена на дополнителни мерки само за да ја сведе инфлацијата што е можно поблиску до 2%.
Моментално инфлацијата во еврозоната е речиси 10%.