Жителите на Германија по дома во метал и хартија се уште имаат германски марки во вредност од над 12 милијарди или во денешни пари 6,53 милијарди евра.
Хостес е компанијата што го произведува Твинкис, едно од најамериканските јадења со нутриционистичка вредност на ниво на смоки. Без разлика на својот статус во американската исхрана компанијата мораше да банкротира, за дури потоа да се спаси со две ни најмалку фини, ни најмалку популарни мерки.
Траумите на шпанските фирми за посредување при вработување е дека во земја со 5 милиони невработени (20,4%), тие на своите клиенти мораат да им наоѓаат работници дури од Аргентина. Не е дека Шпанците се мрзливи, туку најчесто не се квалификувани.
Секој постпејд претплатник на Т-Мобиле (САД) добива по една гратис акција од компанијата, како дел од програмата за награди "Stock Up". Програмата има и мултилевел елемент, па тој што ќе донесе нов претплатник, добива уште една акција од компанијата, максимум до 100.
По две децении откако ги затвори фабриките во Германија и го пресели производството во Азија и посебно Кина, Адидас реши дека сега сè враќа назад. Кој е може да има поевтина работна рака од Кинез? Робот.
Доколку се прифати понудата, германскиот гигант во индустријата со хемикалии и лекови, ќе ја надополни својата дејност со доминација на светскиот пазар за семиња и земјоделски производи.
Тоа што директорите на финската компанија Суперсел, авторите на Клеш оф Кланс, одлучуваат да покажат највисокото ниво на корпоративна благодарност кон државата и наместо да бегаат по офшор адреси да платат данок во Финска, ги зголеми финските приходи од данок на капитална добивка за една петина.
Кинезите се најголемиот странски купувач на американски недвижнини. Во последните 5 години во тој сектор вбризгале 110 милијарди долари а во наредните 5, таа цифра ќе ја дуплираат.
Човекот е основач и најголем акционер на Амазон, а на фирмата последниве три месеци посебно добро и оди на берза, што не е така лесно постигнување имајќи предвид дека речиси постојано им оди добро.
Целата операција се случува во предградие на мал кинески град (што е денешната верзија на преку 7 планини, 7 мориња...) и годишно успева да "ископа" околу 8 милиони долари во биткоин. Бидејќи сето ова ниту е легално, ниту е нелегално, комплетниот проект се држи во тајност.
Неделава претставниците на Европската централна банка треба да разговараат за иднината на банкнотата од 500 евра, при што најверојатно ќе биде спомнат и случајот на Фабио Рици, италијанскиот политичар уапсен за корупција во чиј дом беа најдени над 17.000 евра, од кои најголемиот дел во 500-ки.
Американската влада, приватни адвокати и Фолксваген се договорија дека последниов ќе даде над 1 милијарда долари за компензирање на сопствениците и плус ќе откупи дел од речиси 600.000 дизел автомобили за кои се покажа дека имаат штелувани резултати на тестовите за издувни гасови.
Во недела во Доха треба да се сретнат 18-те нации кои од почетокот на падот на цената на нафтата во 2014-та имаат потрошено над 315 милијарди долари од своите девизни резерви (или околу една петтина). Само во последните 3 месеци од 2015-та тие избришаа речиси 54 милијарди долари од резервите.
Поставувајќи го ова на наједноставен можен начин, професорот по политикологија на Нортвестерн и автор на книгата Олигархија, Џефри Винтерс, објаснува: "само затоа што можам за евтини пари да купам багер, тоа не значи дека багер ќе врши работа за кај мене во двор."
Македонија за 2016-та има буџет (на големо фален / оспоруван) од 3,2 милијарди евра. Германија за 2015-та направи вишок во буџетот од 29,5 милијарди евра.
Во 50-те се основа сметководствената фирма Артур Андерсен. Еден од поголемите проекти што ги добива е инсталирање на компјутер за Генерал Електрик кој ќе служи за автоматизирање на наплатата. Во 89-та, консултантскиот сектор се одделува како Андерсен Консалтинг. Денес се Аксентур, имаат над 370.000 вработени во над 55 држави и никој не може да им го фати крајот.
Како е можно денес на скапиот Запад да се понудат фармерки за помалку од 500 денари? Лесно. Жената од евтиниот Исток која ги направила ќе ја платиш 23 денари за десет пара.
Списокот на најбогати луѓе на светот претставува "чисто мерење на тоа кој од кого има повеќе пари," тврдат двајца новинари кои ја пишуваат книгата Форбс 400. Според луѓе кои работат на слична ваква листа (Блумберг индексот на милијардери) не е баш така едноставно.
Последното продолжение на Ѕвездени војни собра над 2 милијарди долари во приходи и тоа само од кино благајните. Пари собраа и сите околу него, посебно играчките.
Лани, кога за 50 пати ја крена цената на Дараприм, аргументот на Шкрели беше - што сакате зборете за мене, ама сите го прават ова. Излезе дека, иако не е оправдание, аргументот му е на место.
Под притисок на повеќе групни тужби, американските синџири на продавници решија со купувачите малку да ги разјаснат работите околу тоа како тие го пресметуваат попустот.
Дојавата која во медиумите стигна преку надворешни извори е дека Амазон планира низ Америка да отвори 300 до 400 физички продавници. Ова за многумина, вклучително и за противниците на идејата во компанијата, е спротивно на здравиот разум.