Бизнис

Закерберг + 580 милиони долари

И покрај тоа што хејтерите сакаат да го претстават како непродуктивно џаболебарење, вашето дремење на ФБ и се што правите таму носи сериозно голем финансиски ќар. Малку разочарувачки е што нема ќар за вас или за кој било што го познавате, ама на пример на Закерберг му донесе 580 милиони долари само во последниот квартал.

Твитер акција: Акции за Твитер

Ко-основачот и актуелен шеф на Твитер реши една третина од своите акции да им подели на вработените. На оние што ја преживеаа последната чистка. 

Маркс ќе фатеше на кладилница

Глобалната економска ситуација сè подрастично наликува на системот во кој од една страна имате пар фараони а од друга огромен број робови. Пазете ја оваа статистика: 0,7 % од светската популација го има во своите раце речиси половина од целото светско богатство. Долните 71 проценти поседуваат само 3 проценти од истото. А нит се буди исток, нит се буди запад.

Бадвајзер и Стела нови газди на Гролш и Милер

Анхаусер-Буш Инбев се согласи да плати 93 милијарди евра за купување на САБМилер, со што е создадена компанија на која отпаѓа една третина од вкупната продажба на пиво во светот.

Уште четири производители паднаа на тестовите за дизел

Хонда, Мазда, Мерцедес и Мицубиши, испуштале значително повеќе штетни гасови (азотни оксиди) за време на возењето отколку на лабораториските тестови, покажуваат податоците што ги објавува Гардијан.

Како се избегнува данок од 620 милијарди долари

Три од четири американски компании од топ 500-те на Форчун, имаат барем една офшор подружница, со тоа што некои имаат регистрирано и над 100. Само овие 500, преку офшор филијалите, избегнуваат да платат околу 620 милијарди долари данок.

Зошто уште постојат визит-карти?

Големи се, ти сметаат каде и да ги ставиш, никогаш не ти вршат работа кога ти треба итно да најдеш некоја информација и не е јасно како и понатаму пркосат во време на Твитер, Линкдин и генерално интернетот.

Како Фолксваген упропасти 55 години одличен маркетинг

Германците својот влез на американскиот пазар го почнуваат со сега веќе легендарната кампања со слика од Буба под која пишува "Лимон" а во текстот се објаснува оваа Буба (лимонот во приказната) заради најмала дамка не е товарена на бродот за САД. Од тогаш компанијата има феноменална маркетинг серија која трае 5 и пол децении.

Швајцарците гледаат ќар во бегалците

Швајцарската банка им се отвора на клиентите дека ова што се случува со бегалците во Европа се одлични вести за економијата и на краток и на долг рок.

Како Фолксваген заглиби во чистиот дизел

Германската компанија е пред групна тужба откако призна дека фабрички ги штелувале сензорите на 11 милиони автомобили за да покажат пониски нивоа на загадување. Фолксваген во своја одбрана има да каже - дајте ги адвокатите на Бритиш Петрол за Дипвотер Хорајзон.

Човек на човека е амбициозен ЦЕО

Компанијата Туринг Фармасутикалс во август ги купи правата за Дараприм, лек кој се користи во третманот за токсоплазмоза, а исто така им е потребен и на ХИВ позитивните пациенти. Една таблета Дараприм чинеше 13,5 долари, откако Туринг ги купи правата таа e 750 долари, или околу 5.000 проценти поскапо. На ЦЕО-то на компанијата не му е јасно што е спорно тука.

Кина за 22 дена го изгуби целиот БДП на Британија

Аналитичар од Банката на Англија ја разложува загубата на кинеските берзи за време на кризните 22 дена од летово, кога нивниот индекс имаше пад во вредност од 2300 милијарди евра.

Проблемот со таргети во здравството

Британскиот медицински журнал неделава објави извештај во кој ги обвинува докторите од приватното здравство дека често пати на своите пациенти им препишуваат непотребни тестови, третмани и операции со цел да ги остварат зацртаните квоти.

Зошто е паниката на светските берзи?

Минатиот петок берзите низ светот, под притисок од случувањата на кинеската берза, брзаа да затворат само за да не им се случи уште поголема загуба. Во понеделникот отворија со страв, по кој следуваше дополнително понирање на вредноста на акциите.

Како банкарите на Вол Стрит куртулија од затвор

На 27-ми мај новиот јавен обвинител на САД го отвори обвинението по 47 точки против 9 функционери на ФИФА. Прашањето од Атлантик е: "како стигнавме до позиција каде злоделата на Вол Стрит минуваат речиси неказнети, додека апсиме фудбалските функционери во Швајцарија, што во најдобар случај е матно."

Колку ќари Германија од грчката криза?

По нивни домашни пресметки грчката должничка криза на германската влада и има заштедено околу 100 милијарди евра преку пониските трошоци за позајмување пари бидејќи во овој период пазарот ја наоѓа својата безбедност во германските обврзници.

Алфабет е новиот сопственик на Гугл

За да ги појасниме овој и сите наслови кои ќе се појават, Алфабет не го купи Гугл, Алфабет не е новото име на Гугл, Алфабет не дел од Гугл, туку Гугл формираше ја формираше Алфабет која ќе биде мајка компанија и сега Гугл ќе биде нејзин дел.

700.000 долари за раат на Тим Кук

Сумата од 700 илјади е парите што Епл годишно ги плаќа за физичко обезбедување за првиот човек на компанијата, и ова не е ни приближно најскапото обезбедување на еден американски ЦЕО.

На Кина не и требаат ни (толку) луѓе

И покрај тоа што работната сила е еден од најобилните ресурси на земјата, во Кина се отвори првата фабрика (скоро) без работници, (речиси) комплетно управувана од роботи. За почеток одлично и оди.

Пејџ и Брин го растурија неработниот петок

Некаде околу пладне во петокот вредноста на акциите на Гугл достигна раст од околу 15% во однос на утрото, најголемиот 1-дневен скок на акциите во историјата на компанијата.

Деновите на грчката мизерија

Откако неколку годишната драма резултираше со апсолутно никаква новина - Грците ќе останат во еврото и ќе добиваат пари, а ЕУ ќе глуми дека е лута и ќе им дава пари, фино е да се направи една пресметка за ужасот во кој живеат и како преживуваат напатените грчки граѓани.

Кругман против штедачите

Пол Кругман е економист со Нобелова награда и колумнист на Њујорк Тајмс кој од почетокот на финансиската криза има напишано 74 колумни и блог постови против "остеријанците" - поддржувачите на владините мерки за штедење (austerity) како одговор на рецесијата.

Минусот од 140 милиони долари што никој не го есапи

Од феноменален потенцијал пред премиерата Тумороуленд се претвори во едно од најголемите финансиски и кино разочарувања на Дизни, кое на студиото му потроши цели 330 милиони долари, од кои околу 140 милиони долари никогаш нема да ги види. И никој не е загрижен околу ова, ниту Дизни, ниту инвеститори.

ММФ: Само богатите имаат ќар од парите на богатите

Извештај изработен од 5 економисти на ММФ ја отфрла идејата за "економија на прелевање," односно дека целото општество има корист од богатењето на најбогатите, и препорачува дека ако владите сакаат да ја зголемат стапката на раст треба да инвестираат во најсиромашните 20% од граѓаните.