Претераната и рестриктивна регулатива на Брисел се смета за сериозна кочница поради која ЕУ го губи чекорот во динамичните економски сектори. Доволно јасен сигнал е што за кафе пиење, светот го освои американски Старбакс а не некој од Италија, татковината на еспресото или што во електрични коли води Тесла а не некој Германец. А греота е и што Мекдоналдс, а не Лесковац или Прилеп, е симбол за плескавица.
Шопинг национализмот кој еруптираше во Кина во времето кога САД го забранија Хуавеи во светот, сега има втор бран во знак на гордост на тоа како Кина закрепнала од ковид-19 и резултира со милијарди долари потрошени исклучиво на кинески брендови.
Абигеил Дизни е автор на документарни филмови, ко-основач на продукциска куќа и домаќин на подкаст. Но, она што ѝ го одредува животот е што е внука на Дизни. Таа тоа уште подобро го знае бидејќи од мали нозе е учена како се чуваат таквите династии.
Не се знае дали Мелинда и Бил се расправале пред него, или Бил му кукал околу разводот, ама Ворен Бафет повеќе не е дел од фондацијата само неколку седмици откако Гејтсови објавија дека се развеле.
Се работи за 5,2 милиони нови милионери во светот во 2020, кои не дека нешто се прекршиле од работа за да стигнат до таму, туку главно биле унапредени во милионери благодарејќи на растот на цената на акциите и недвижностите.
Евер гивен и понатаму е во Египет само 30 километри подолу од местото на кое се заглави на 23 март и неколку денови ја блокираше глобалната трговија. Неговиот екипаж повеќе од 100 дена нема мрднато од бродот, а исто е и со целиот товар кој го носи од другата страна на светот. За сега не се знае ни кога пак ќе мрдне.
Како што Роналдо во знак на нервоза ги тргна од кадар двете шишиња со Кока-кола натопорени до микрофонот, и на нивно место стави шише со вода, така вредноста на компанијата инстантно падна за 4 милијарди долари.
Олеснувањето на пандемијата довело до чувство на слободно трошење кај муштериите на Ламборгини кои со месеци биле заглавени во своите палати, па веќе во јуни компанијата го има продадено речиси целото производство за годинава.
Конгресот на Ел Салвадор го изгласа законот со кој биткоин ќе биде признаен како платежно средство во земјата, со што стана првата држава во светот која формално прифатила дигитална валута.
Целата тајна е да заработуваш пари, а на нив да не платиш данок, и тоа се постигнува со стратегија во три чекори: купи, позајми, умри. И за сето ова да им успее неопходни се благонаклонети банки.
Човекот што ги има веројатно најразорните твитови за берзата и за криптовалутите веќе неколку години има обврска некој да му прегледува дел од твитовите пред да ги објави и да направи општ хаос.
Ирската филијала на Микрософт минатата година имала профит од 315 милијарди долари, меѓутоа не платила ни долар данок на корпорации затоа што по документи е „резидент“ на Бермудските острови.
Некој приметил дека новите шишиња на сокови кои ги полни Књаз Милош, наместо досегашните 0,5 литри, имаат 0,475 милилитри сок. Компанијата вика дека со новиот дизајн и стариот волумен од 0,5, соковите не би ги собрало во витрините. Хехе.
На 17 години Вики Сарфати влегува во брак со маж кој ќе стане најбогатиот банкар на светот. Пет децении подоцна, таа и нејзините деца се чувари богатството на Сафра градено повеќе од 180 години од три генерации на четири континенти.
Тоа што пред една година го правеше обичниот народ по супермаркетите со тоалет хартија, брашно и средства за дезинфекција, денес на светскиот пазар го прават најголемите глобални корпорации од секоја можна индустрија.
Прво порасна побарувачката на сè и сешто, па пораснаа цените на суровините, и сега пораснаа цените на производителите во Кина. Збирниот заклучок од ова е дека светска инфлација најверојатно нема да има.
Ако некогаш сте на мисла дека сте ја згрешиле професијата што сте ја избрале, дозволете да го ескалираме јадежот - тазе банкари добиваат по 40.000 долари бонус за да не си одат од банката што има пари да им даде 40.000 долари бонус.
Во некои поранешни години Бил Гејтс со неизмерна тага објаснуваше како има толку многу пари што не може да ги потроши ни со упорно донирање на милиони долари. Оваа мака на Бил во претстојниот период колку толку ќе биде олеснета благодарејќи на разводот од сопругата Мелинда.
Истите овие компании што на Западот се во постојана трка по „освестеност“ и политичка коректност, во Кина од страв да не ги антагонизираат тамошните власти и прифатија заложничко размислување.
5 милијарди долари главно не е сума која важи за некое дно, но во пресметките на корпоративна Америка Веризон ги продаде двете компании за само 1% од највисока вредност што некогаш ја достигнале.