Исплатата на руските долгови (обврзници и слично) ќе се случи во предвидениот рок ама во рубљи, на посебни сметки во Русија. Парите ќе седат на овие сметки се до нивна конверзија во долари / евра што ќе се случи откако Западот ќе ги одмрзне руските финансиски резерви.
Информацијата доаѓа од рускиот министер за финансии Антон Силуванов, кој се обраќа бидејќи првите обврски по основа на обврзници доспеваат на 16 март а Русија има грејс период од 30 дена да ги плати.
Русија бара одмрзнување на над 643 милијарди долари што ги има во западни банки и финансиски институции, кои беа инстантно замрзнати во првите денови од инвазијата.
„Во изминатите две недели западните нации започнаа финансиска и економска војна против Русија. Западот не ги исплати своите финансиски обврски кон Русија, го замрзна нашето злато и девизни резерви, ги спречи нашата надворешна трговија и нашиот извоз, со сите достапни мерки, притоа наштетувајќи и на глобалната трговија,“ изјавил Силуванов.