Аналитичарите на Блумберг економикс очекуваат дека Русија годинава ќе заработи речиси 321 милијарда долари од извозот на енергенси, што е зголемување за над 30% во однос на 2021.
Русија исто така е на пат да оствари рекорден суфицит во трговијата со странство кој според Институтот за меѓународни финансии може да достигне 240 милијарди долари.
„Најголемиот поединечен приносител кон сегашниот сметководствен суфицит на Русија изгледа сосема стабилно.
Со сегашните санкции на место, значајниот прилив на тврда валута во Русија е на пат да продолжи,“ објаснува економистот од институтот, Робин Брукс.
Оваа математика може целосно да се промени во случај на ембарго на продажба на енергенси, а дури и без нив рускиот извоз и производство на нафта веќе опаѓа, а предвидувањата се дека таа месецов може да изгуби речиси една четвртина од производството на сурова нафта.
Проблем за Русија е и тоа што голем број од традиционалните муштерии бараат решение на други места, а други, како Индија, добиваат голем попуст.
На нафта и гас отпаѓа речиси половина од извозот на Русија, и тие две ставки носат 40% од приходите во буџетот.
Аналитичарите проценуваат и дека санкциите дополнително ќе го уништат не-енергетскиот дел од економијата, па Русија во иднина уште повеќе ќе мора да зависи од енергија.
Процените се дека добриот баланс на крај нема да ја спаси Русија од длабока рецесија, ама ќе помогне да се одржи владината потрошувачка во време кога владата нема дополнителен пристап до меѓународни пазари на капитал.
Аналитичарите објаснуваат дека сегашниот курс на рубљата е одржан чисто од сегашниот прилив на средства, откако со санкциите беа замрзнати девизните резерви на централната банка.
„Рускиот капацитет да продава нафта и гас во странство можеби е единствената работа што спречува на економијата да и се случи уште полош финансиски пропаст,“ проценува Блумберг.