Во земјата 85% од населението секој ден јаде месо или сувомеснати производи, бројка која е 4 пати поголема во споредба со средината на 19-от век. Моментално во земјата воопшто не се реткост фарми кои одгледуваат 2.000 свињи или 40.000 пилиња.
За да ја покријат побарувачката, по цена која е прифатлива за пазарот, произведувачите мораат да преземат мерки како увезување на огромни количини сточна храна од Јужна Америка, масовно користење антибиотици за дезинфицирање на шталите (што за последица има создавање на отпорни бактерии), борба со сидникатите заради исплаќање на минимални плати на работниците и постојани расправии и објаснувања со борците за заштита на околината.
Една од најголемите забелешки е суровоста кон животните. На сточарите им се забележува за праксата на колење маторици заради тоа што повеќе не можат рамномерно да ги хранат прасињата. Потоа тука е хранењето на прасињата, кои фармерите се обидуваат во период од 6 до 8 недели да ги здебелат колку можат повеќе. Идеалната количина е поправање по 400 грама на ден.
Во овој период на прасињата им се вадат забите и им се сечат опашките за да не можат да се повредат, а на најголемиот број од машките прасиња во првите денови од животот им се сечат тестисите. Процесот се прави без анестезија.
Уште еден проблем за решавање е изметот од животните. Само фармите во две области во Германија, Клопенбург и Вехта, произведуваат 7,4 милиони тони измет. Од ова само половина смеат да го растурат по локалните ниви како ѓубриво. Остатокот треба да биде пренесен со цистерни. За ова се потребни 120.000 тури со цистерна во текот на годината. Заради ова, власите се сомневаат дека фармерите претеруваат во истурањето ѓубриво на фармите.
Во најголемата кланица во Европа, Клеменс Тонис, во северозападна Германија, се колат околу 25 илјади свињи на ден или околу 1.700 на час. Околу 160 камиони полни со свињи секој час пристигнуваат во кланицата. И покрај ова таму нема речиси никакво цвилење.
Од таму објаснуваат дека тоа е затоа што животните се чувствуваат добро се до последниот момент. Ова е важно за нив, бидејќи доколку се под стрес тоа би го намалило квалитетот на месото.
"Свињите добиваат вода кога ќе пристигнат. Нив ги чуваат во група цели два часа по доаѓањето, во простории со затоплен под, за да се смират од патувањето. Додека ги симнуваат со лифт кон кланицата тие се заспани со помош на ЦО2. Од тука ги носат на колење. Свињите крвават за неколку секунди и срцето престанува со работа. На овој начин се коле животно на секои 3 секунди," пишува Шпигел.