Лондонски Тајмс пишува дека присутните на состанокот биле стаписани кога Даг Гур, директорот на британски Амазон, отворено изјавил дека ги разгледуваат граѓанските немири како еден од исходите на брегзит.
„Како и секоја компанија, така и ние прегледуваме најразлични сценарија во нашите дискусии за да бидеме подготвени да им служиме на потрошувачите и малите бизниси кои и понатаму сметаат на Амазон, дури и ако тие сценарија се малку веројатни.
И ова не е поврзано со конкретна тема, туку тоа е само начин на кој го планираме секое прашање кое ќе се појави низ светот,“ се објаснува во изјавата од Амазон.
Пораката од Гур следува во време кога министерот за брегзит зборува дека Британија ќе „цвета“ по брегзит, без притоа да објави дури и најмал детал од планот на владата за излегување од ЕУ без договор. Раб ги отфрла извештаите дека веќе се прават залихи на храна и дека автопатиштата ќе се преадаптираат во паркинзи за камиони доколку земјата не постигне договор со Унијата.
Опцијата за напуштање на ЕУ без договор стана значително поверојатна во изминатите две недели, откако Тереза Меј не успеа на сопствената партија да и го „продаде“ својот план за брегзит.