Запрашан за тоа како геј фановите ќе бидат пречекани во 2022-ра, министерот спорт на Катар, одговорил: "Тоа ти е исто прашање како и алкохолот." Ако не ви е јасно, што се однесува до алкохолот, во Катар нема да има многу алкохол.
Светското фудбалско првенство во Катар се игра за 8 години, а уште сега почнаа дебатите како ќе се играло на 50 степени. ФИФА и УЕФА имаат спротивни ставови, а сега и клупската организација нуди решение за горештините.
Турбуленциите околу одржувањето на Мундијалот стануваат уште поголеми, откако по Блатер, уште еден висок член на ФИФА го оспори местото на одржувањето на Светското за 8 години.
На 2 декември 2010 извршниот комитет на ФИФА ја донесе можеби најконтроверзната одлука поврзана со Мундијалите кога за домаќин го назначи Катар. Од тоа произлегоа голем број на проблеми кои го разложивме во неколку клучни точки меѓу кои најсериозен се покажа изживувањето спрема работниците кои почнаа да ги градат стадионите.
Најконтроверзниот Мундијал за кој се постојано се зборува за проблеми од организациски аспект, сега не го признава ниту човекот кој најмногу се бореше да се одржи.
Четири години по доделувањето на правото за организација на Светското првенство во 2022 година на земја без фудбалска инфраструктура и традиција, Катар сè уште не нè разубеди дека е најконтроверзниот домаќин на еден Мундијал. Еве зошто.
Откриен е уште еден скандал за Светското првенство во 2022-та година. Поранешниот потпретседател на ФИФА примил 2 милиони долари мито од катарска компанија и тоа 2 недели откако Катар го доби Светското првенство.
Добивањето на правото за организација на Светското фудбалско првенство во 2022-та година е само дел од планот на Катар да стане главен играч во глобалната игра.
Извршниот одбор на ФИФА одлучи да направи нов хаос со одложување на Светското првенство, односно Мундијалот од 2022-та најверојатно ќе се одржи во јануари 2023-та година.
Притисокот кон земјата домаќин за Мундијалот во 2022 година се зголемува. Европската комисија е новата високо политичка институција која го осудува третманот на работниците мигранти во Катар кои работат во ненормални услови во изградбата на стадионите.
Наредната година не чека Светско фудбалско првенство во Бразил кое сигурно ќе донесе голема возбуда, но никако да стивне темата и да се решат скандалите поврзани со подмитениот Мундијал во 2022 година каде на големо се зборува за нарушените човекови права на работниците.
Откако беше обвинета дека со поткуп стигна до домаќин на најголемиот фудбалски собир, а потоа се појави и скандал дека не ги плаќа мигрантите кои работат во изградбата на стадионите, земјата домаќин на Мундијалот во 2022 година уште еднаш си го оцрни името.
Откако си купија Светско првенство, фудбалски легенди, клубови, тренери и играчи, Катарците почнаа да купуваат и фудбалски статуи. Познатата „Удар со глава" статуа на Зидан и Матераци се пресели во Доха.
Новиот претседател на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах откри дека добил гаранција од првиот човек на ФИФА дека Светското првенство нема да се поклопи со Зимските олимписки игри и најверојатно ќе се одигра во ноември.
Почнува да се компликува ситуацијата околу „самоубиствениот" план на ФИФА за кој што веќе предупредивме. Фудбалската федерација на Австралија ќе бара компензација од ФИФА за неуспешната кандидатура ако Светското првенство во 2022. година биде преместено за во зима.
Сите креваат паника за жештината при одигрувањето на натпреварите за време на Светското првенство кое ќе се одигра во Катар за девет години, а на никого не му текнува дека слични ќе бидат условите и следната година на Мудијалот во Бразил.
За време на изградбата на стадионите во Катар животот ќе го изгубат повеќе емигранти кои работат на проектите, отколку што ќе се појават фудбалери за време на Светското првенство 2022-ра (заедно сосе замените).
Челниците на петте водечки лиги во Европа испратија предупредувачко писмо до ФИФА со кое го искажаа своето незадоволство за плановите за поместување на Светското првенство во Катар и негово одигрување во зимските месеци.
Лето или зима е главната тема поврзана со Светското фудбалско првенство во 2022 година. Откако првиот човек на ФИФА Сеп Блатер конечно призна дека најголемиот фудбалски настан најпаметно е да се одигра во зимскиот период, првите критики стигнаа од Англичаните.
Иако до тогаш треба да се организираат уште две светски првенства во Бразил и Русија, темата за тоа како ќе се игра фудбал во пеколните лета на 50 степени во Катар 2022 година не стивнува.