
Огромната жештина во Катар ги примора челниците на ФИФА да донесат одлука за поместување на Светското првенство во 2022-та година. Температурата која во летниот период во Катар може да достигне и 50 степени е огромна закана за фудбалерите, но и навивачите, па Мундијалот во 2022-та година наместо во јули ќе биде одржан во некој зимски месец.
Според генералниот секретар на ФИФА, Жером Валке, Светското првенство ќе се одржи помеѓу 15 ноември и 15 јануари.
Оваа одлука на ФИФА ќе предизвика хаос во домашните првенства. Светското првенство ќе се одржи среде сезона, па лигите ќе мора да бидат прекинати и оваа непредвидена зимска пауза ќе трае најмалку два месеци.
Дополнителен проблем ќе биде и Африканскиот Куп на Нации кој веќе е закажан за јануари 2023-та година.