Претседателите на фудбалските лиги на Англија, Шпанија, Германија, Италија и Франција заедно со претседателот на Унијата на европскиоте професионални фудбалски лиги, испратија протестирачко писмо до претседателот на ФИФА, Сеп Блатер заради плановите за поместување на Светското првенство кое во 2022. година ќе се одржи во Катар.
Тие преку писмото му порачале на Блатер дека тој може да ја одбере земјата домаќин, но не и да го менува терминот на одигрување на Светското првенство заради глобалниот фудбалски календар.
Организаторите на Светското првенсво во Катар неодамна изјавија дека тие се подготвени за летно првенство кое ќе се одржи на климатизирани стадиони, но големи се шансите тоа да биде одложено и да се одигра во зимските месеци заради навивачите.
Температурите во летниот период достигнуваат и до 50 степени, па претседателот на ФИФА призна дека првенството не може да се одржи во тој период и ќе мора да се помести, што значи дека потребно ќе биде менување на календарите и на сите национални првенства.