Челните луѓе на ФИФА постојано добиваат жестоки критики за организацијата на Светското првенство во топлата арапска земја, исто како и домаќинот кој понуди решение стадионите да бидат климатизирани, но Сеп Блатер се јави со нова конфузна изјава.
„Секако дека тоа беше грешка, но знаете сите правиме многу грешки во животот. Истражувањата јасно покажаа дека температурите ќе бидат премногу високи, но тоа не го спречи Извршниот комитет кој одлучи домаќин во 2022 да биде Катар“, рече првиот човек на ФИФА за швајцарски медиум.
Една од клучните причини според него за одржувањето на Светското во оваа земја е и политичкиот притисок од Франција и Германија, особено од Никола Саркози за кој рече дека сакал да биде што поблизок со Емирот од Катар.