Една од темите на состанокот на земјите членки на УЕФА кој во моментов се одржува во Дубровник е и проблемот околу терминот на одржување на Светкото првенство во Катар.
На челниците на ФИФА дури откако им го доделија правото за организација на Мундијалот на Катарците, им текна дека во текот на летниот период таму температурата се искачува до 50 степени. Токму затоа во последно време се почесто се говори околу поместувањето на терминот на одигрување на ова првенство, а на состанокот во Дубровник сите 54 членки на УЕФА биле едногласни околу ова прашање.
„Заклучокот произнесен од овој состанок е дека Светското првенство во Катар не може да се одигра во лето. Сите беа сложни околу ова прашање", изјави потпретседателот на ФИФА, Тим Бојс.
Се поизвесно е дека првенството ќе биде одложено за во зимскиот период, а преостанува да се донесе одлуката дали тоа ќе се одигра во ноември, декември или во јануари 2023-та година.