Таг: сп катар 2022

И УЕФА сака зимско Светско првенство

Генералниот секретар на УЕФА, Џани Инфантино ја даде својата поддршка за плановите за поместување на Светското првенство кое ќе се одржи во Катар во 2022-та година и одигрување на истото во текот на зимскиот период од годината.

Политиката вмеша прсти во одлуката за Катар 2022

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер призна дека за одлуката за доделувањето на правото за организација на Светското првенство во 2022-та година не биле земени во предвид само фудбалските, туку и политички интереси.

Потпретседателот на ФИФА крадел од „донациите“

Во обидот да ја добијат организацијата на Светското првенство во 2022-та година, Австралија дели „донациии" на Карибите во 2010-та година, но не само што не ја добиваат нивната поддршка и Светското првенство го добива Катар, туку по 3 години се открива и дека парите завршиле во џебот на поранешниот потпретседател на ФИФА.

Како ќе изгледа Катар 2022

По сите оние негативни коментари за купувањето добивањето на организацијата на Светското фудбалско првенство во 2022-та година, Катарците решија да започнат кампања за промоција на својата земја и новитетите кои тие планираат да ги понудат за време на Мундијалот.

Катар ќе прави фудбалска лига со светски гиганти

Катарците имаат желба да станат светска сила во фудбалот и ќе ги искористат своите потенцијали (читај пари) да си ја исполнат желбата. Го добија (читај купија) Светското првенство во 2022, а сега сакаат да си направат лига во која ќе играат најдобрите 24 фудбалски клубови од светот.

Катар „купувал“ и фудбалски ѕвезди

И покрај тоа што претседателот на УЕФА, Мишел Платини се закани со тужби за клевета, францускиот фудбалски магазин „Франс Фудбал" продолжи со изнесување на нови информации за аферата „Катаргејт".

Катар со мито до СП 2022?

Според најпознатиот француски фудбалски магазин „Франс Фудбал", богатата земја која почна да инвестира енормни суми на пари во спортот, успеала да ги потплати членовите на Извршниот Комитет на ФИФА и со тоа да стане земја домаќин на Мундијалот во 2022-та година.

Самоубиствениот план на ФИФА

Светската фудбалска федерација (ФИФА) планира да го помести терминот на одигрување на Светското првенство во 2022-та година за да се избегне крахирањето на Мундијалот заради високите температури во Катар. Меѓутоа овој план би можел да биде погубен за ФИФА и тоа заради сопствените прописи.