Сите се противат на фактот што Светското првенство во 2022-та година ќе се одигра во Катар, а тоа не му е по ќеиф дури и на Сеп Блатер за кого се верува дека својот глас го дал за САД.
За разните „ургеренции" и потпкупувања пред гласањето се говори одамна, а сега и претседателот на ФИФА призна дека имало надворешни интервенции.
„Имаше интервенции на различни нивоа за Светското првенство да и биде доделено на арапска земја. Геополитиката си го направи своето. Пред да се донесе одлуката за организаторот имавме состанок со политичари во Цирих и тие им влијаеа на гласачите", изјави Блатер за L'Equipe.
Пред само 2 месеци Блатер имаше цврст став за тоа дека Светското првенство мора да се одржи на лето, но сега и тој почна да го менува мислењето.
„Дали е добар изборот или не, тоа го оставам на извршниот одбор. Во Катар ќе има климатизирани стадиони, но Светското првенство не е само за стадионите. Тоа е збир на друштвени и културни активности околу едно првенство. Не е разумно да се игра во јуни и јули", дополни Блатер.