Фијаското со Светското првенство во Катар може да биде кобно за првиот човек на ФИФА. Откако во текот на вчерашниот ден генералниот секретар на ФИФА, Жером Валке потврди дека Светското првенство во Катар во 2022-та година наместо во традиционалниот летен термин ќе мора да биде преместено за во некој зимски месец, шансите дека Сеп Блатер ќе биде сменет од својата функција наеднаш се зголемија. Барем така сметаат кладилниците.
Британската кладилница Ladbrokes го намали коефициентот на опцијата дека Сеп Блатер ќе ја напушти ФИФА до крајот на годината и тоа од 21 на 6.
Веќе подолг период се шпекулираше дека ФИФА можеби ќе се предомисли и ќе го поништи изборот, но по вчерашната потврда на Валке, сè појасно е дека тврдоглавите челници на светската куќа на фудбалот нема да се откажат од Катар. Коефициентот дека Светското првенство во 2022-та година ќе добие нов домаќин вчера порасна од 3,75 на 5.
Според кладилниците, најголеми се шансите дека Светското првенство во Катар ќе се одржи во ноември. Коефициентот за овој месец е 4. Коефициентот за декември е 6, а за јануари 2023-та година е 11.