ИСИС од сред истокот, во едно свое видео му се заканува на Мексико од сред Америка, за тоа што учествувал во коалицијата против нив, оддалеченост и културолошка некомпатибилност која Мексиканците крајно шармантно ја искористија.
Сведоштво од прва рака за тоа како е да се живее во градот кој го контролира ИСИС. На моменти тоа личи на животот во Србија бомбардирана од НАТО: земјата ти ја држат бандити ама овие што од воздух демек те ослободуваат, рокаат бомби врз тебе. Цивилна забелешка: Знаете за што бруталниот и немилосрден режим на ИСИС особено строго казнува? За пушење цигари. Ако, ако...
Дека оние што сами се разнесуваат или рафално пукаат по концертни сали се морони, морони се. Ама дека целата оваа приказна со тероризмот не може да се сведе само на морони, не може. Неколку незгодни прашања на таа тема.
Кога не работат на упорно одржување на својот рејтинг како најомразен ентитет во светот по сите можни основи, ИСИС се зафатени со правење пари за финансирање на своето постоење и своите акции. Како што се успешни во првото, така се и во второто.
Заедничко за сите овие луѓе е само нивната крајна точка и одјавата од светов, ништо друго што претходно им се случува не им е заедничко, ниту потекло, ниту образование, и наспроти логиката, ниту религијата во која се израснати.
Масакрот во француската престолнина на петок 13-ти го подели јавното мислење во светот на три категории. После сè што се случи, може ли да се игра ЕП во Франција?
Сирискиот пасош најден кај еден од терористите во Париз очекувано ги потпали теориите дека мигрантската криза е пеколен план на Исис да се инфилтрира во Европа. Многумина забораваат дека фактот што луѓето бегаат од ИСИС и нивниот калифат, всушност, е најголемиот пораз на мороните.
Како надополнување на досегашните воздушни напади, администрацијата на Обама се подготвува да испрати мал број специјалци на сириско тло. Под "мал број" подразбираат 20 до 30 специјалци.
Во интервју за СиЕнЕн, Тони Блер признава дека чувствува одговорност за состојбата во Ирак во 2015-та, и за појавата на ИСИС. Одговорност со амандман дека не е само тој виновен за тоа, дека работите секако оделе во тој правец, ем ИСИС се појавил во Сирија а на е во Ирак.
Претставници на Тојота мораа да седнат на разговор со неколку американски владини агенции и да се објаснат зошто толку многу џихадисти и екстремисти од Сирија, Ирак и Либија возат толку многу Тојота пикапи.
Како што се повеќе се приближуваш до борбата и жртвувањето за која било идеологија, така таа се повеќе почнува да те разочарува, дури и стартната позиција да ти е дека треба да умреш за ИСИС.
Равенствово ќе беше уште едно од оние "кој како сака нека си го сфати" Твитер правила, кога тоа не би му служело на ФБИ како доказ дека се обидуваш да се приклучиш на ИСИС.
Членовите на ИСИС, и Арапи и останатите, имаат ужасни манири, и нивното секојдневно однесување не се трпи, барем не ако си британски џихадист сместен во калифатот.
За една интересна оставштина на надворешната политика на Барак Обама. Сегашниот претседател не само што ja преспа моменталната бегалска и цивилизациска криза во Сирија која добива епски размери туку успеа да ги убеди Американците дека немаат никаква вина околу тоа.
Во последното издание на ИСИС го повикува светот, на ред дојде нивната публика од Балканот. Видеото кое технички и графички скоцкано како репортажа на ниво на СиЕнЕн, го објавува Ал-Хајат, официјалниот медиа центар на организацијата.
Колку што не им е грижа за сите што не се со нив, толку ИД ги пазат своите членови и гледаат да им биде подмирено се' од плата до сместување, бонус за свадби и деца.
Градот и артефактите од 13-от век п.н.е. се уништени по основа дека се "навредливи" и "валкани," и самото чистење на овие остатоци ИД го смета како важен дел од својата мисија и постоење. Тие така искрено ја доживуваат навреденоста на артефактите од други религии што и на видеата од уништувањата сите можни некомпатибилни симболи им се цензурирани.
Моментално ИД се обидува да го одбрани Тикрит и да ја спречи ирачката армија и паравоените милиции поддржани од Иран да го освојат градот. Меѓу ослободителите е и еден универзитетски предавач со секира.
Меѓу опциите за патници Туркиш Ерлајнс им нуди на родителите да ги пуштат своите деца да патуваат каде сакаат без придружба, а компанијата им гарантира дека ќе се грижи за нив и дека тие ќе стигнат без никаков проблем до дестинацијата. Меѓу илјадниците патници кои ја искористија оваа опција беа и 4-те тинејџерки кои од Лондон отпатуваа до Истанбул, за од таму да и се приклучат на ИД.