Таг: исис

Зошто и се приклучив на ИД

Американска новинарка со либанско потекло разговара со членови на ИД, околу нивната матична организација за ширење правда низ светот.

Како да ослободиш некого што не сака да биде ослободен?

Летоска ИД во запрепастувачки напад во рок од 4 дена го освоија Мосул. Осум месеци подоцна ирачката армија и Американците, најавуваат дека ќе го вратат градот. За сега се знае дека контра-офанзивата ќе се случи април или мај и во неа ќе учествуваат околу 25.000 војници.

Дупла бурка и ништо важно не е

Со страв и цврста рака Исламската држава лесно го воспостави посакуваниот дрес-код кај жените во териториите кои ги контролира. Но, бидејќи дисциплината е нешто што постојано треба да се вежба, сега се бара носење на двојно поставени бурки.

ИСИС изгоре прсти од оганот со кој си играше

Претходните брутални егзекуции успеваа да ја постигнат намерата да го шокираат и уплашат нивниот непријате. Ama со последното палење на јорданскиот пилот, ИСИС изгледа малку се прееба.

Јорданскиот крал лично во борба со ИСИС

Во гневот околу убиството на јорданскиот пилот, Кралот Абдула Втори најавил дека ќе учествува во бомбардирањето на позициите на ИСИС во Ирак.

ИСИС е имуна на нападите

По 6-7 месеци сериозно американско бомбардирање, ИСИС изгубила само еден процент од територијата која ја држи.

Шведска ќе ги спасува џихадистите од џихад

Секој шведски државјанин на привремена работа во ИСИС, ќе добие помош од психолог и државно вработување ако го остави оружјето и се врати во земјата. Понудата е од шведскиот град Еребру.

И ИСИС се по Нутелата

Ако не се фотографиите од обезглавувања, колења и масакри, твитовите на терористите од ИСИС се на ниво на средношколци на екскурзија во странство - ај да сликаме јадење.

Кругот е малечок, а во него е ИСИС

Благодарејќи на Ирак и Сирија Американците моментално се борат против терористи кои се опремени со американско оружје, кое всушност требаше да биде искористено убивање на истите овие терористи.

Вистината за девојката што се бори против ИСИС

Прв пат ја споменува еден шведски новинар во август додека е сместен во Кобане, пред битките со ИСИС. Ја викаат Рехана, иако ова веројатно не е нејзиното родено име. Прекарот и е Ангелот од Кобане, затоа што наводно во битката за градот убила 100 борци на ИСИС. Од ИСИС на два пати ја прогласуваа за мртва.

Што значи заколнувањето пред ИСИС

Во понеделникот, една од најсмртоносните милитантни групи на Египет, Ансар Беит ал-Макдис, вети послушност на глобалниот господар на теророт. Ова е најголемата, ама не и прва терористичка група која се подаде пред ИСИС.

Зошто не ги убијат командантите на ИСИС?

Американците до сега имаат извршено 800 воздушни напади против ИСИС, во кои имаат уништено сè од командни центри, до рафинерии, оклопни возила, бункери и ниту еден убиен водач на терористичката организација.

Зошто САД не се плаши од мексиканскиот ИСИС?

Западната опсесија со ИСИС повеќе е поттикната од верската нетрпеливост отколку која било вистинска проценка на ризикот или свирепоста на групата, пишува Муса ал Гарби за Ал Џезира.

Дали документарецот на Вајс за ИСИС е легален?

Летово во екот на најголемиот подем на ИСИС, Вајс успеа да сними документарец за организацијата откако еден од нивните новинари (Медјан Даири) мина 3 недели меѓу терористите, како новинар гостин кој имаше дотогаш невиден пристап до нивните активности.

Од Мис Стон до ИСИС

"Дали сме сведоци на македонското прашање на 21. век?" е насловот на една интригантна анализа во која се прави паралела меѓу Македонија на почетокот на минатиот век и она што денес се случува во Сирија и Ирак. Шокантни се сличностите во обидите на Запад да ги "реши" овие две прашања, вели авторот.

Глобалното село стана кошмар

Пред половина век, овој темин на Маршал Маклуан му вршеше фина работа на западниот човек: му даваше чувство дека е дел од иста фамилија со останатите луѓе на планетава, но, сето тоа од безбедна дистанца. Сега мизеријата на глобалното село му дојде некако преблиску.

Колку пари ќе треба за војна против ИСИС

Крајниот цех на Американците за војната во Ирак беше неколку илјадници милијарди долари. Операциите против ИСИС до сега ги чинеа над 1 милијарда долари, а моментално трошат по 10 милиони долари на ден.

Како ИСИС ги набавува заложниците

За да не ризикува сопствени луѓе Ал Каеда ја имаат аутсорсирано работата и соработуваат со цела мрежа локални банди, кои за пари им киднапираат луѓе што им требаат. За разлика од нив ИСИС најголемиот дел од работата сами ја вршат.

Насловна на денот

ИСИС намерно пушта фотографии и видео снимки од погубувањата и сечењата глави а западните медиуми тоа безрезервно го пренесуваат, одработувајќи го на тој начин својот дел од пропагандата на џихадистите. Еден британски весник одби да учествува во таквиот ПР.

Зошто да не ги бомбардираме сите муслимани во светов?

Автор на Гардијан ја иронизира "хуманитарната мотивација" на бомбардирање на џихадистите во Сирија и Ирак хиперболизирајќи ја идејата животот да се спасува со бомби.

Исламската држава оспорена по основа на Исламот

120 муслимански учители и научници од целиот свет се обединија и напишаа писмо на 18 страни до "борците и следбениците" на ИСИС, во кое со најмуслимански термини им објаснија дека тоа што тие го прават нема врска со Исламот.

Бомбардирање со додадена суровост

Откако Курдите почнаа да ги фаќаат џихадистите на фора со регрутирање жени војници, сега истото почнаа да го прави и коалицијата што го бомбардира ИСИС - жени пилоти на воени авиони.

Кој кого бомбардира и зошто?

Сирија е седмата држава која САД ја бомбардира по пресвртниот 11-ти септември. За првпат, Американците немаат релевантна сила на теренот која треба да ја помогнат, туку се надеваат дека бомбите ќе го создадат нивниот сојузник.

Француска дипломатија со маалски фори

За Франција веќе не постои ни ИСИС, ни ИС, ни ИСИЛ. Им најдоа ново име - Даеш. Ова џихадистите го дочекаа со иста толерантност како и за сè до сега - кој го изговори ова име, му го сечеме јазикот.