Пишувајќи за ирачката армија, Дејвид Киркпатрик за Њујорк Тајмс набројува неколку "интересни" генерали:
- едниот го викаат "Кокошкарот" заради неговата репутација дека го продавал "пилешкото следување" на војниците.
- вториот е "Аракот" заради неговата навика да ужива во Арак (нешто слично на мастика) додека е на работа.
- третиот е "Генералот Дефар" (по ликот на банкнотата за 10.000 динари) кој е озогласен по навиката да им продава задолженија на офицерите.
Ова се истите ликови од инвазија на Буш, до повлекувањето на Обама и сегашното враќање за да ја среди недовршената работа со ИСИС. Тие се и најодговорните за способноста на ИСИС да се опреми со американско оружје:
"САД инсистираа ирачката армија да функционира како спроводник на новата помош и вооружувањето испорачано за контраофанзивата, вклучувајќи пари и оружје наменето за племенските борци кои се подготвени да се судрат со ИСИС. Во буџетот за 2015-та, Пентагон побара 1,3 милијарди долари за да обезбеди оружје за владините сили и 24,1 милион долари наменети за племињата.
Ама според ирачките офицери и законодавци, дел од оружјето што армијата неодамна го испорача заврши на црниот пазар и во рацете на ИСИС. Американските официјални лица за ова веднаш и поставија прашања на ирачката влада. 'Им реков на Американците, немојте никакво оружје да делите преку (ирачката) армијата - ниту едно парче - бидејќи корупцијата е насекаде, и нема ништо да видите од тоа. Нашите луѓе ќе го украдат,' изјави полковникот Шабан ал-Обеиди," пишува Њујорк Тајмс.
Надополнувајќи го текстот од Тајмс, од Атлантик порачуваат дека и покрај тоа што со години американски војници се бореле и ги обучувале Ирачките, и покрај тоа што американски дипломати, политичари и службеници минаа толку време во Ирак, САД сепак не може да постигне да испрати оружје во Ирак а тоа да не стигне до ИСИС. Работата е уште полоша во Сирија, каде САД немаат ни приближно толку минат труд како во Ирак.
"Па, во Сирија каде што САД има инфериорни познавања и разузнавачки податоци, дали воопшто е возможно за Вашингтон да ги идентификува и вооружи 'умерените бунтовници' без далеку поголем ризик ИСИС да стигне до ова оружје?
Мислам не. Ама ова е стратегијата што (Хилари) Клинтон, Грем, Рубио и други ја предлагаат. Дури и сега, додека гледаме како оружјето кое го праќаме во Ирак завршува кај ИСИС, овие политичари и понатаму тврдат дека би ни било подобро ако Обама ги вооружеше сириските бунтовници," пишува Конор Фрајсдорф за Атлантик.