Вработена во приватна болница во Мерсин, град на медитеранскиот брег на Турција, испрати писмо до полицијата и парламентот со тема - смачено ми е да лекувам ранети терористи од ИСИС.
Групата има приходи од нафта, има армија и оружје, организација и хиерархија, има контрола на огромни делови од Сирија и Ирак, а сега сака да и биде признаена и државноста.
Избирајќи дали да одат по патот на некои новокомпонирани искуства (како нашиве локални) кога луѓе навиваат и го подржуваат екстремизмот, или ќе ги почитуваат начелата за мир и соживот на својата вера (како што беше во Норвешка), германските муслимани се решија на ова второто. Во петок во 2.000 германски градови муслиманите ќе излезат да протестираат против екстремизмот, ИСИС и таквото толкување на Исламот.
Запленет од умерени сириски бунтовници, преку локални посредници во Турција, магазинот Форин Полиси стига до лаптопот на Тунижанецот Мухамед С., поранешен фан на Селин Дион, сега посветен на џихад и масовно труење луѓе.
Во изминатиот четвртина век секој американски претседател излегол на телевизија во најгледаниот термин за да и каже на нацијата и на светот дека ќе го бомбардира Ирак. Вчера редот беше на Обама.
На интернет се појавија неколку клипови на тема ИСИС со видео и продукциски квалитет на ниво на средношколска "wanna be" терористичка група. И покрај првиот впечаток зад целата работи стои една од најмоќните институции на светот - Стејт департманот на САД.
Њујорк Тајмс од Ирак ја пренесува приказната на Али Хусеин Кадим, ирачки војник и Шиит, кој во јуни беше заробен со стотици други војници. По апсењето тоа е обележан дека е Шиит и е 4-ти на ред за стрелање. На крај, наспроти сите шанси Али некако останува жив.
29-ти јуни 2014-та, ИСИС крати две букви од својот акроним, па сега е само ИС (The Islamic State) и го прогласува ал-Багдади за калиф на сите муслимани и принц на верниците. За дел од муслиманите овие титули не се само чиста номенклатура.
Велт објаснува три методи со кои до сега државите решавале вакви проблеми - руски, американски и германски. Според нив, Германија треба да се држи до германскиот метод. Ама што и да се прави треба да се прави веднаш.
Не можејќи да поверува во тоа што го видел во живо, ирачки водител се расплакува сред емисија, велејќи: "Нашата држава е роза, а нејзините латици се христијаните, Арапите, Курдите, Сабијаните, Шабак народот..."
Кога би ја прескокнале нечовечката заљубеност во уништување се' што не е нивно или не е по нивно, еве како би изгледал ревизорскиот извештај на групата.
Гневен на уште еден до бога глуп испад на Баптистичката црква на Вестбороу (сектата најави протести на погребот на Робин Вилијамс), австралиски тв водител и понуди на црквата бесплатен превоз и сместување во Ирак, за таму да го бранат христијанството и да им протестираат на ИСИС. Овие изгледа прифатија.
Бизнисот со киднапирање и последователна продажба на киднапираниот е вториот по големина извор на пари за терористичките организации. Пред него се само спонзорствата од државите, а зад него заостанува ограбувањето банки, приватните спонзорства и други форми на собирање пари.
На почетокот од летото во тајна воена мисија две дузини командоси од Делта форс прават упад во нафтена рафинерија на северот од Сирија, во кратката престрелка ги совладуваат сите милитанти на ИСИС и откриваат дека таму нема ниту еден заложник.
Во ноември 2012-та, Џејмс Фоли враќајќи се кон Турција застанува во едно интернет кафе во северот на Сирија. Фоли е со својот преведувач и во кафето се задржале околу еден час. Од тука фаќаат такси и тргаат кон турската граница. На сред пат вооружени лица го стопираат таксито и го вадат Фоли. Од тогаш Фоли исчезнува - се до вчера.
По десетина години војни низ арапскиот свет, дополнети со вести од Чеченија и Авганистан, ИСИС годинава успеаа да воведат сосема ново ниво на ужас во новинските извештаи. Сето ова како дел од воспоставувањето, а сега и ширењето на нивниот калифат. Сега за прв пат, западни новинари успеаа да направат репортажа од таму.
За да не излезе дека Американците се подадоа и во првиот момент кога почувствуваа дека Курдите се во сериозна опасност од ИСИС, повторно ги разлетаа авионите над Ирак, официјалниот став на Белата Куќа е - во ирачки Курдистан има Американци (војска + дипломати), и ова го правиме заради нив.
Стануваат родителите и сфаќаат дека нивните две ќерки тинејџерки ги нема дома. Добра вест: подоцна маливе се јавуваат. Лоша вест: се јавуваат од Сирија, ќе терале џихад.
Ако ги игнорираме фактите од типот дека никогаш не може да се случи, дека никогаш нема да се случи и дека нема сила на светот која би го извела овој освојувачки подвиг, посебно не во таа временска рамка, еден важен факт околу мапата е што таа воопшто не е ни направена од ИСИС.
ИСИС успеаа со 800 луѓе да ја разбијат 30-илјадната ирачка војска кој требаше да го одбрани Мосул. Главен виновник за ова е садистичкиот генерал на ирачката армија Ал-Гарави, човекот кој ја изгуби поддршката од жителите на Мосул и од Сунитите во своите единици.
Минатата недела падна Мосул, вториот по големина град во Ирак. Западните (ТВ) аналитичари затекнати целосно неподготвени од ситуацијата одма почнаа да роварат околу тоа кои се добрите, а кои се лошите, и што всушност се случува во Ирак кој тие го оставија во мир.
Меѓу информациите што ги имаше на над 100-те запленети УСБ дискови на ИСИС, ирачките власти открија некои детали за финансиската состојба на терористите. Детали од типот, дека на располагање имаат 36 милиони долари од продажба на антиквитети.
Непотврдени се информациите за масовното ликвидирање на Шиити во Ирак, но, судејќи по самите егзекутори, во Ирак е извршено групно стрелање на 1.700 лица.