Од тогаш ИСИС е опседнат со зборовите калиф и калифат, а комплетната нивна пропаганда е базирана на настаните од почеток на Исламот, конкретно пророкот Мухамед и 4-та калифи кои ги водат муслиманите од смртта на Мухамед од 632-та до 661-та година. За време на владеењето на овие калифи, Исламот масовно се шири од најдалечните краеви на денешен Иран до бреговите на Либија.
Муслиманите го сметаат ова за златен период, а дел од нив, Салафитите, веруваат дека треба да се воскреснат воените и политички доктрини од овој период (прифатливи во тоа време, варварски според денешни стандарди). Тука е и објаснувањето за праксата на ИСИС за обезглавувања, каменувања, распнувања, земање во ропство и сл.
"Има мистично верување дека ако воспоставиш калифат на прав начин, муслиманите сами ќе дојдат кај тебе и се ќе биде на место," објаснува историчарот за ран Ислам од Универзитетот во Чикаго, Фред Донер. (Ова е и ветувањето со кое ИСИС регрутира луѓе од преку пола свет, од Британија, Австралија и Франција.)
Технички, самиот збор калиф значи "наследник" (на Мухамед) и како таков, правичен калиф може да бара верност од сите муслимани. Ама историски, апликантот за оваа работа мора да исполни неколку услови:
- Тој (секогаш тој) мора да биде муслиман, комплетно израснат, посветен, свесен и физички целосен. (Теоретски тој треба да ги води Муслиманите во битка, заради што немање рака или нога автоматски го дисквалификува).
- Тој мора да доаѓа од племето Курејш од Арапскиот полуостров, предуслов што е многу значаен во случајот со актуелниот калиф. (Со стареењето на Исламот, се опуштаат и правилата за тоа кој може да биде калиф, заради што тие со тек на време ја губат својата позиција. Ал-Багдади инсистира на оригиналните стандарди, тврдејќи дека потекнува од 1.400 години стара лоза од племето Курејш, што го потврдува и со одличното зборување на нивниот јазик.)
Од новите ликови, Мула Омар го сметаа за "материјал за калиф," заради неговото држење до правилата на однесување задолжителни за оваа позиција, меѓутоа тој имаше проблем со тоа што физички не е целосен (нема око) и што нема Курејш потекло. Потеклото, меѓу другото, беше пречка и за Бин Ладен да се прогласи за калиф.
Моментално, најголем проблем со новата титула на ал-Багдади има старата гарда на ал-Каеда. Неговото прогласување за калиф беше осудено од менторот на ал-Заркави, кој пак му беше гуру на ал-Багдади.
Без разлика на можните процедурални пропусти, Западот е свесен дека колку повеќе време му се остава на ал-Багдади толку поуверлива ќе биде неговата улога и ќе му дозволи да собере уште борци. "Моментално само мал број Муслимани му се имаат заколнато на лојалност. Најголемата опасност е ако се остави овие бројки да растат. Еднаш кога тој ќе стане популарна наместо конфликтна фигура, неговата смрт ќе има негативен ефект."