Даири патуваше со борците на ИСИС, разговараше со муслиманите што мигрираа во калифатот, зборуваше со затворениците на ИСИС и беше на патроли со полицијата за морал низ Рака, "новинарски успех на кој би љубоморел секој амбициозен репортер или новинска агенција."
"Ова исто така е и потенцијален федерален прекршок кога американските власти би сакале да го прогонуваат Вајс или Даири," објаснува Ендру Марх за Атлантик.
Законот што го прекршува документарецот е забраната за обезбедување материјална поддршка на обележани странски терористички организации. По дифолт како материјална поддршка предвид се зема: пари, производи и луѓе, ама вклучува и "услуги, вклучувајќи пари или монетарни инструменти, финансиски сервиси, сместување, тренинг и експертски совети или асистенција."
Сето ова е со цел за да се лиши терористичката организација од каква било помош во остварување на своите цели, и во основа од контакт со надворешниот свет. По оваа основа една американска хуманитарна организација излезе пред врховниот суд затоа што беше осудена за нивната помош на Курдската работничка партија, ПКК (исто така обележана како терористичка организација). Помошта од хуманитарците се состоела во тоа што ја учеле ПКК како да пишуваат петиции до Обединетите нации и дека политички ги застапувале Курдите во Турција. Врховниот суд ја одби нивната жалба и ја потврди казната за организацијата.
"На кратко, според судот: експертско мислење + координација со терористичка група = федерално кривично дело," пишува Марх.
Токму ова "координација" е основата по која Даири и Вајс би можеле да бидат кривично прогонувани, бидејќи 3-неделниот престој на Даири во ИСИС, барал одредена координација со терористичката организација.