Во школски пример за тоа како да го преземеш единственото решение кое не го решава проблемот, ИСИС одлучи 16 свои борци кои се заразиле со ХИВ вирусот откако силувале дел до заробените жени, да ги преквалификува во бомбаши самоубијци.
"Изворот" се две Мароканки, кои се чуваат како секс робинки во градот ал Мајадин во источна Сирија.
"Раководството на ИСИС планира да им додели самоубиствени задачи на милитантите кои се ХИВ позитивни на тестовите. Најголемиот дел од нив се странски милитанти кои имале сексуални односи со две Мароканки. Жените им ја пренеле болеста на милитантите пред да им биде откриена инфекцијата," изјавил новинската агенција АРА њуз, локален активист за човекови права.
Во претходен случај ИСИС кадрово недомаќински го реши проблемот со еден свој ХИВ позитивен милитант, и наместо преквалификација нареди негова егзекуција.
Пред некое време на интернет се појави и ценовникот на ИСИС за купување на секс робинки.