Омар Хусеин поранешен чувар во супермаркет во Британија, а моментално посветен џихадист во Сирија, во еден блог пост распали по неговите соборци, затоа што му го нарушувале личниот простор, зборувале гласно кога тој се обидувал да спие, и генерално се однесувале како деца.
Тој ги предупредува сите радикали од Западот кои планираат да се приклучат на ИСИС, дека "Арапите како целина имаат уникатна култура, која драматично се разликува од западниот стил на живеење."
Во тирадата тој наведува повеќе моменти кои го извадиле од кожа:
- никој не чека ред пред канцелариите, "може пола саат да стоиш во ред, и тогаш ќе дојде некој Арап и ќе се втурне пред тебе и директно ќе влезе."
- и околу јадењето има проблем со редот, па кога требало да дели храна сите соборци му се нафрлале во исто време, заради ова морал прво да ги построи и да чека сите да седнат на маса како ученичиња па да почне да дели храна. Плус, "на нашите арапски браќа, или Сиријците да бидам поконкретен, им недостигаат основни манири..."
- една од најбизарните новини му е праксата на крадење или облекување на туѓи кондури. "На Запад е здрав разум дека кога излегуваш од некоја просторија ги облекуваш истите кондури со кои си дошол. Како и да е, тука во Шам, нашите сириски браќа, веруваат дека секој може да облече сечии обувки."
- на соборците не им значи ништо што ти го полниш телефонот и во секое време може да го исклучат и да го стават својот.
- не им е никаков проблем да тарашкаат по туѓи предмети и имот.