Кралскиот колеџ на Лондон во понеделникот објави извештај со сведоштва од 58 поранешни џихадисти на ИСИС кои јавно проговориле против својот некогашен работодавец. И ним им е јасно дека ова е само делче од 20-те илјади странци кои се приклучија на оваа и слична на нејзе организации, ама сметаат дека "нивната критика воспоставува моќен контра-наратив на џихадистичката утопија на екстремистичката група."
Проблемите во извештајот се делат на четири групи.
1. Тежок живот
Ситуацијата не е како што ветуваат, а посебно разочарани е што се останати многу малку богатства за разграбање, заради што нивниот воен плен не им ги исполнува очекувања. Она што посебно ги напнало џихадистите од Западот, е што постојано мораат да трпат животни услови на земја од третиот свет, со постојан недостаток на струја и останати комодитети.
2. Неселективна бруталност
Иако немаат проблем со егзекуција на неброени членови на малцинства, отпадници или неверници, поплаката е на одлуката муслиманите сунити да се третираат со истата оваа бруталност. На дел, ИСИС им станал одбивен заради егзекуцијата на жени и деца, а други се разочарале кога нивните команданти наредиле егзекуција на сопствени војници кои не се согласувале со нив.
3. Непрекинати борби меѓу себе
Наместо фокусирање на режимот на Асад, ИСИС е опседнат со пресметување со други бунтовнички групи како Арар ал-Шам или Џабхат ал-Нусра, соработниците на ал-Каеда.
4. Рајот што не е рај
Добар дел милитантите на ИСИС избегале заради сеприсутната корупција во калифатот. Според нив, високите офицери ги фаворизирале странските џихадисти, а има и такви што се жалат на расизам, нееднаквост "и други не-исламски проблеми кои се проткајувале низ Исламската држава."