Брачен договор одобрен од надлежните инстанци во Исламската држава доби неочекуван публицитет во светот поради клаузулата со која ѝ се одобрува на жената да биде бомбаш - самоубиец.
Со други зборови, доколку жената која стапи во брак добие дозвола во ИД да се дигне во воздух, нејзиниот сопруг не може да ја спречи во тоа.
Жена која живее во териториите контролирани од ИСИС има право да постави некои услови за бракот во кој стапува. Еден од тие кои е најнов е мажот да нема право да ја спречува својата жена да изврши самоубиствен терористички напад ако за тоа веќе била на список а во меѓувреме добие благослов од Ал Багдади, објаснува за западните медиуми еден тамошен познавач на ситуацијата.
Постојат клаузули и за тоа што ако таа во меѓувреме забремени при што ѝ е оставено во тој случај правото да бира дали ќе се откаже од мисијата или ќе го задржи првичниот ентузијазам.